• петок, 27 септември 2024
МИА Најави МКД (ДПЛ)

19 септември 2024 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)

Скопје - Јавна дебата на собранискиот Клуб за младински прашања и политики. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)

Скопје - Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Хрватска ќе одржи средба со хрватската амбасадорка Нивес Тигањ. (Собрание на РСМ, Сала на Уставна комисија/11:30)

Брисел - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во работна посета на Брисел.

Штип - Министерот и заменик-министерот за здравство, Арбен Таравари и Јовица Андовски, ќе ја посетат Клиничката болница во Штип. (10:00, изјави за медиуми во 10:30)

Битола - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, ќе присуствува на презентацијата на проектот „Поддршка за решавање на приватно-јавната сосопственост со цел подобрување на управувањето и владеењето со земјоделското земјиште во Пелагонискиот регион“. (Совет на Општина Битола/11:30; изјава на министерот Трипуновски во 12:15)

Скопје - Прес-конференција на Зијадин Села. (Собрание, прес-центар / 13:00)

Скопје - АХК Северна Македонија ќе го презентира новиот проект Young Energy Europe. (Europe House/13:00)

Скопје - Европска недела на мобилност 2024 под мотото „Ден на зелена достава“ во организација на Делегацијата на Европската унија, Јуроп хаус и Агенцијата за пошти.

Штип - Организацијата на потрошувачите на Македонија ќе одржи промотивна средба на која ќе бидат претставени активностите на ОПМ овозможени преку проектот „Јакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги“.  (х.„Oаза“/11:00, изјави за медиумите/11:30)

Штип - Научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“. (Правен факултет при УГД/9:00, изјави за медиумите/9:15) 

Скопје - Информативна средба за програмата на претстојната 31.Балканска олимпијада по информатика 2024 (БОИ 2024) организира  Здружението на информатичари на Македонија. („Сорсикс“ во „Палома Бјанка“/11:00)

Виена - Промоција на книгата „Осврти - Рефлекси, илуминации и реминисценции“ од Виолета Калиќ. (Амбасадата на Република Северна Македонија/19:00)

Скопје - Промоција на книгата „Насекаде“ од  епископ Дремвитски Давид (Нинов).  (Салон 19:19/19:19) 

Скопје - Проекција на 10 видеоуметнички дела на Тања Балаќ по повод 10 години создавање во областа  на видеоуметноста. (Кинотека на Македонија /20:00)

Скопје - Кинопремиера на „Бизнисот на задоволството“. („Синеплекс“/19:30)

Скопје - Концерт на Филхармонија во рамки на 47.„ Денови на македонска музика“ под диригентство на Томас Херцог од Швајцарија. (Филхармонија, голема сала/20:00)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан