• четврток, 16 мај 2024
МИА Најави МКД (ДПЛ)

4 март 2024 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Собрание, сала 4 / 11:00) 

Скопје - Свечена изјава на Абдуш Демири, член на Државната изборна комисија. (Собрание, Охридска сала / 12:00)

Битола - Претседателот на техничката Влада, Талат Џафери ќе ја посети Општина Битола. (Ректорат при Универзитетот Св.„Климент Охридски“/11:00), посета на Педагошкиот факултет – Битола (11:30), посета на Студентскиот информативен центар во Битола (12:00), посета на Факултетот за информатички и комуникациски технологии - ФИКТ – Битола и изјава за медиумите (12:30), посета на НУ „Завод и музеј“- Битола - Спомен соба на Кемал Ататурк (13:00) и посета на  Музејот на aлбанската азбука (13:30)

Скопје - Прес конференција на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. (11:30)

Скопје - Презентација на анализа „Ефектите и одржливоста на социјалната реформа од 2019 година во Република Северна Македонија“ во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“ - канцеларија Скопје и Асоцијација за инклузивен и одржлив развој (СИГА). (хотел „Холидеј ин“ / 11:00) 

Скопје - Панел-дискусија „Ајде да зборуваме за обезноста и ...“  во организација на Научното здружение за обезност „ОБЕМ“ - Скопје по повод 4 Март - Светскиот ден на обезноста. (Деканат на Медицинскиот факултет-Скопје / 12:00; Изјави за медиумите пред почетокот на настанот) 

Скопје - Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје и Катедрата за романски јазици и книжевности по повод Месецот на Франкофонијата организираат предавање на д-р Деспина Ангеловска на тема „Уметност или разонода? Комедиите на Јасмина Реза и нивната рецепција од Париз до Бродвеј“. (Филолошки факултет, сала за состаноци / 12:00) 

Скопје - Прес-конференција на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија - СГИП. (Зграда на ССМ, 10 кат/12:00)

Тетово - По повод Денот на Општина Тетово свечена седница на општинскиот Совет. (х. „Меркур“/12:00). 

Скопје - Разговор со авторката Лилјана Пандева, чија збирка раскази „Луѓенца“ е книга на месецот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“. (Спомен-соба „Т’га за југ“ во Библиотеката / 19:00) 

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан