• петок, 05 декември 2025

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

10 јули 2025

Скопје - Седница бр. 59 на Собранието на Република  Северна Македонија. (Сала „Македонија“ / 11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт (Сала 6 / 10:00) 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање (Сала 5 / 10:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за здравство (Сала 10 / 11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика (Сала 4 / 11:00) 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 4/12:00)

Скопје - Средба на собраниската Комисија за одбрана и безбедност со Националниот демократски институт  - НДИ (Сала 4 / 12:30)

Скопје - Седници на собраниската Комисија за финансирање и буџет (Сала 6/13:00 и 15:15) 

Скопје - Посета на кинескиот в.д. амбасадор Шу Леи (Кабинет на потпретседателката на Собранието Весна Бендевска / 14:30)

Скопје - Работна средба со Националениот демократски институт на тема „Презентација/дискусија за улогата на Собранието и пратениците при управување со ризици од различни видови на катастрофи“ преку презентација на Прирачник за пратеници.(Сала 4/12:30) 

Скопје - Прес-конференција на пратеникот Илир Хасани. (прес-центар/12:00) 

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе се обрати на настан по повод 80-годишнината од формирањето на Црвен крст на Република Северна Македонија. (Простории на Црвен крст / 12:00; Изјава на Мицкоски по настанот)

Скопје -  Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА организира панел-дискусија „Искористување на демографскиот потенцијал преку родово одговорни семејни политики", со воведни обраќања на министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, и претставници на Австриската амбасада во Скопје и на УНФПА. (Клуб на пратеници/11:00)

Скопје - По повод одлуката за избор на Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Кичево и на Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Струга, избраните јавни обвинители Виолета Стојаноска и Никола Јолески ќе дадат свечена изјава пред Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија. (11:00)

Охрид - Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија,Михалис Рокас,  ќе ја посети општина Охрид и ќе има средба со градоначалникот Кирил Пецаков и членовите на Општинскиот совет. (Изјави на градоначалникот Пецаков и амбасадорот Рокас во општинската зграда на Охрид / 10:30)

Скопје - Прес-конференција на претседателот на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски. (Седиште на ЗНАМ, бул. „Климент Охридски“ бр. 66 / 9:30) 

Скопје - Прес конференција на претседателот на СДСМ Венко Филипче. (во седиштето на СДСМ/13:00)

Скопје -  Изјава на Христо Саракинов, координатор на Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош. (Пред објектот каде вчера се сруши дел од фасадата во Карпош на ул. „Јуриј Гагарин“ 33/10:30)

Тетово - Потпишување Меморандум за соработка помеѓу Општина Тетово и ЈУ Национален парк Шар Планина и изјави на градоначалникот на  Тетово, Биљал Касами, и  в.д. директорот на ЈУ Национален парк Шар Планина, Евзал Елмази, по потпишување на меморандумот. (Простории на Општина Тетово / 11:30) 

Штип - Прес-конференција на Универзитетот „Гоце Делчев“ по повод претстојните уписи на нови студенти. (Ректорат на УГД, сенат сала/10:30)

Скопје - Претседател на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на РС Македонија – СУТКОЗ, Стојнче Кашиковски ќе даде изјава за медиуми за случувањата во ЈП Паркови и зеленило - Флораком Дооел Скопје и Луна Дооел Скопје. (на платото пред влезот на ЈП Паркови и зеленило Скопје, кај ресторан-бар Трибека/по 10:00)

Скопје - Сојузот на средношколци на Северна Македонија ќе одржи 25. Генерално собрание и 4. Конгрес на кои ќе се избира нов претседател на Сојузот. (Собрание на Република Северна Македонија/11:00, изјави за медиумите  пријавница на Собранието/ 14:30)

Скопје - Прес-конференција на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“. (Дајмонд мол, „Литература“/11:00)

Софија - Промоција на бугарското издание на романот „Тегли“ од Јордан Коцевски. (Македонски културно-информативен центар / 18:30)

Скопје - Промоција на книгата „Од личност до маска - за новата нормалност“ на Влатко Деловски и настап на „Второ колено“. (Кафе книжарница ИЛИ-ИЛИ/19:00)

Скопје - Концерт на Алтус НЗ Ансамблот во рамки на фестивалот Скопско лето. (Салон 19'19 /19:19)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан