• четврток, 11 јули 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

11 јули 2024 

Охрид - Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, ќе ги посети припадниците на Армијата од Баталјонот на специјални сили кои изведуваат обука во Кампот заобука на вода. (Фотографирање и видеоинсерти од церемонијата за пречек на влезот во Кампот за обука на вода кај сидриштето „Билјанини извори“ / 9:00 и од реализацијата на вежбите / од 9:15
до 9:50; Пристигнување во Кампот за обука на вода најдоцна до 8:45)

Охрид - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, ќе го врачи признанието „Инженерски прстен“ на најуспешните студенти кои дипломирале на македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини. (плато пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон“- Плаошник, Охрид/18:00) 

Скопје - Собранието ќе ја одржи 10. седница. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6/10:00)

Скопје - Седница на Законодавно-правната комисија. (Сала 6/10:15)

Вашингтон - Премиерот Христијан Мицкоски ја предводи владината делегација на Самитот на НАТО.

Скопје - Прес-конференција на пратеничката група на Коалицијата ВЛЕН. (Собрание/прес-центар/13:30)

Скопје - Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ Сашо Георгиевски ќе потпишат Меморандум за соработка. (Уставен суд/ Изјави за медиуми 11:30)

Штип – Прес-конференција на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип по повод влегувањето на УГД во Алијансата на европски универзитети, овозможувањето пристап до научната база SCOPUS, како и објавувањето на најновиот конкурс за уписи на УГД.  (Ректорат на УГД, Сенат сала/ 11:30)

Скопје - Општина Чаир и бошњачката заедница ќе им oддадат почит на жртвите од геноцидот во Сребреница. (Споменик посветен на жртвите од геноцидот во Сребреница во паркот Чаир / 10:30)

Скопје –Бошњачкиот национален совет (БНС) организира комеморативен марш за одбележување на годишнината од геноцидот во Сребреница (Од Веро парк во Чаир/ 18:00, преку бул. „Џон Кенеди“, Стара чаршија, плоштад „Филип Втори“  до плоштад „Македонија“ каде во 19:00 ќе се одржи комеморативна програма)

Скопје - Прес - конференција на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија. (во седиштето на Движењето ЗНАМ, на ул. Климент Охридски бр. 66 /13:00)

Скопје – Свечено отворање на 23. Фестивал на европски филм „Синедејс“ со проекција на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ и концерт на „Ефтеркланг: Македониум бенд“. (МКЦ/ 20:30)

Скопје – Промоција на книгата „Орото да не ни застане“ од Предраг Шушиќ, во рамки на 45. „Скопско лето“. (Сули ан/ 20:30)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан