• петок, 12 април 2024
МИА Најави МКД (ДПЛ)

26 февруари 2024

Скопје/Ротимље/Струмица - Активности на државниот врв по повод одбележувањето на 20-годишнината од загинувањето на поранешниот претседател Борис Трајковски и членовите на делегацијата во авионската несреќа во Босна и Херцеговина.

-На гробот на поранешниот претседател Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат цвеќе неговата сопруга Вилма Трајковска со членови од семејството, Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, делегација на Собранието на Република Северна Македонија предводена од претседателот на Собранието, Јован Митрески, делегација на Владата на Република Северна Македонија составена од Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики на добро владеење и Ристо Пенов, министер за локална самоуправа. Претседателот Стево Пендаровски, ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата. (Градски гробишта Бутел/12:00)

- Во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина на спомен обележјето каде што се случи несреќата, ќе положат цвеќе претставници од владината делегација составена од министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање и претставник од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, полковник Билјана Блажеска, аѓутант на Претседателот на Република Северна Македонија. (Ротимље/10:00)

- Во Струмица, на споменикот на поранешниот претседател Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат цвеќе делегацијата од Владата на Република Северна Македонија, предводена од Јованка Тренчевска, дополнителна заменик-министерка за труд и социјална политика, заедно со Кирил Парталов, државен секретар во Министерството за локална самоуправа. (10:00)

-Комеморативен концерт по повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и неговите соработници, под покровителство на Владата на Република Северна Македонија на кој обраќање ќе има претседателот Стево Пендаровски. (Националната опера и балет/20:30, поради безбедносните протоколи, претставниците на медиумите е потребно да пристигнат на главниот влез на НОБ во периодот од 18:30 часот до 19:30)

Лондон - Претседателот на техничката Влада, Талат Џафери, ќе учествува на 6. Инвестициски самит  за Западен Балкан 2024 година на  ЕБОР. (9:00 по Гринич/ EBRD website, YouTube) 

Скопје - Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, во дводневна работна посета на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија, кои извршуваат задачи во мултинационалните сили на НАТО во Република Бугарија и Романија, рамки на тнр „Активности на зголемена будност“.

Скопје - „Украина – две години хероизам“ - мултимедијална конференција во организација на Амбасадата на Украина, во соработка со ЦИВИЛ – Центар за слобода. (Музејот на македонската борба за независност/ 10:00, пристигнување на медиумските екипи најдоцна во 9:20)

Битола - Евротинк-Центар за европски стратегии организира „Дијалози за работата на полицијата во заедницата“. (Сала на Совет на општина Битола / 13:00)

Велес - Во Велешкиот театар ќе се одигра претстaвата „Добри луѓе“ во режија на Тамара Стојаноска, а во продукција на независниот театар „Златен Елец“. (мала сцена во Велешкиот театар/20:00)

_______________________________________________________________________________________________

МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини.

Остани поврзан