• понеделник, 26 август 2024
МИА најави МКД (ДПЛ)

26 август 2024 

Скопје - Седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија. (10:00)

Скопје - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски по повод одбележување на роденденот на Гонџа Бојаџи - Мајка Тереза ќе учествува на манифестацијата „Светлината на Гонџа" во спомен куќата и споменикот на Мајка Тереза на улица „Македонија“. (10:00/по завршувањето на настанот предвидено е Мицкоски да даде изјава за медиумите)

Скопје -  Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити ќе се обрати на концерт по повод 114-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза. (Културно информативен центар, салон 19:19 /18:00)

Скопје - Министерот за здравство Арбен Таравари, амбасадорот на Република Бугарија Ангел Ангелов и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски, ќе извршат увид во градежните работи на првиот социјален клуб за адолесценти и возрасни со аутистичен спектар. (ул. Ѓорче Петров“ бр. 73.12:00)

Струмица - Претседателот на СДСМ Венко Филипче ќе присуствува на започнувањето на изградбата на новиот градски пазар во Струмица, по  што ќе даде изјава за медиумите. (10:30) 

Скопје - Прес-конференција на Бисера Костадиновска - Стојчевска, пратеничка на СДСМ. (СДСМ/11:00)

Скопје - На Жан Пјер Симеон, овогодишиниот лауреат на Струшките вечери на поезијата, ќе му биде врачено почесно членство во Друштвото на писателите на Македонија. (ДПМ/ул. „Максим Горки“ бр. 18/18:00)

Македонска  Каменица - Почнува Каменичко културно лето. 

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан