• петок, 17 мај 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

15 април 2024 

Приштина - Техничкиот премиер Талат Џафери ќе се обрати на Меѓународниот форум за жени, мир и безбедност во Приштина, Република Косово. (10:00)

Скопје - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе одржи прес-конференција. (во Министерството за надворешни работи/11:30 часот, екипите да пристигат најдоцна до 11:15)

Скопје - Министерот за здравство Илир Демири и националната координаторка за имунизација  Александра Грозданова ќе одржат прес-конференција. (Министерство за здравство, горна сала/12:00)

Скопје - Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски ќе одржи прес - конференција. (во Министерството/ 11.00)

Велес - Министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ќе присуствуаат на одбележувањето на Денот на Командата за обука и доктрини. (Касарна „Алексо Демниевски Бауман“/11:00, пристигнување на медиумите пред пријавницата на касарната во Велес/10:40)

Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе оствари официјална средба со заменик-министерот за земјоделска политика и храна на Украина Маркијан Дмитрасевич. (МЗШВ, кабинетска сала, втори кат/9:00, изјави за медиумите, хол на Министерството/9:30)

Штип/Свети Николе - Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев ќе оствари работна посета на СВР Штип и ОВР Свети Николе, каде што ќе оствари средби со раководствата на овие две организациски единици. (Изјава за медиуми пред објектот на ОВР Свети Николе/11:30)

Скопје - Дополнителниот заменик-министер за финансии во техничката влада Елена Петрова во посета на Општина Гази Баба каде заедно со градоначалникот Бобан Стефковски и пратениците ја посетат американската компанија Теламон во Инџиково, општина Гази Баба. (изјава на заменик - министерот Петрова пред седиштето на компанијата во Инџиково/11:30)

Нови Сад - Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески ќе учествува на регионалната конференција „Локален, регионален и ЕУ раст 2024г“ што се одржува во Нови Сад, во организација на Центарот за регионални економски истражувања и анализи. 

Тетово - Командирот на ТППЕ Тетово, Авни Амети, ќе одржи прес –конференција. ( во просториите на Општина Тетово/11:00)

Скопје - Здружението ЕСТИМА, Институтот за соработка и развој од Албанија (CDI) и Постојниот секретаријат на транспортната заедница (TCT Secretariat) ќе одржат панел-дискусија на тема „Патот пред нас:консолидирање на вклученоста на граѓанското општество во Економскиот и Инвестицискиот план за Западен Балкан (ЕИП)“. (Европска куќа/13:00)

Скопје - Комерцијална банка АД Скопје и Националниот сојуз на слепи на Република Македонија ќе одржат прес-конференција. (Дом на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“/11:00)

Скопје - Бордот на Европски Студенти по Технологија (БЕСТ) организира Саем за вработување и кариера - Job Fair. (Техничко-технолошкиот кампус, ФИНКИ, ФЕИТ, МФС, ТМФ) (10:00)

Скопје - Промоција на  книгата  „Господ, па Америка“ на Румена Бужаровска. (Јавна соба/19:30)

Скопје - Големо јавно судење на книгата „Птици во аквариум; надреализам 1924 – 2024“, напишана и составена од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ. (Аулата на Филолошки факултет/18:00)

Скопје - Отворање на изложбата на британскиот уметник Денис Боувен по повод Светскиот ден на уметноста. (МКЦ/20:00)

Скопје - По повод Светскиот ден на уметноста на ул. Македонија ќе се одржи настан со живи статуи „Центарски улици 2“. (18.30)

Скопје - Изведба на перформансот „Мачката Елеонора“. (МКЦ Клуб/20:00)

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024

Скопје - Кандидатот за претседател Стево Пендаровски на средби со жителите на Сарај (16:00), Чаир (17:30), Ѓорче Петров (18:30) и во Гази Баба, на централен митинг (20:00) 

Кривогаштани/Крушево/Прилеп - Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Кривогаштани (17:00), Крушево (18:30), Прилеп ( 20:30)

Пехчево/Тетово/Скопје - По повод претседателската кампања „Македонија повторно горда“ ќе дадат изјави за медиуми Драган Ковачки (на паркингот во центарот на општина Пехчево/10:30), Дафина Стојаноска (на плоштадот во општина Тетово/12:00) и Владо Мисајловски (во општина Гази Баба, Инџиково/11:30)

Скопје/Гостивар - Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Скопје (на три локации  I пункт – 2 штанда на аголот спроти ресторан Пелистер и кафе Правда, II пункт – штанд пред влезот на ГТЦ веднаш до скалите,III штанд на кеј на Вардар кај бродовите/12:00, изјава на денот, Максим Димитреивски, кандидат за Претседател на Македонија,линк на fb страната на Maksim Dimitrievski/13:00), во Гостивар (линк на fb страната на Maksim Dimitrievski, Амфитеатар на кеј на реката Вардар/19:00, обраќање на Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски/19:20, средби со граѓани низ центарот на Гостивар/20:00)

Велес/Желино - Кандидатот за претседател на Коалицијата ВЛЕН (Вреди)  Арбен Таравари ќе присуствува на настан во Велес (12:00), а вечер ќе одржи Митинг во Желино (Спортската Сала/20:30)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан