• вторник, 01 октомври 2024
МИА Најави (ДПЛ)

1 октомври 2024 

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе одржи прес-конференција по повод 100 дена нова Влада. (Влада, Медија центар/11:40)

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на академската 2024/2025 година. (Плато на општествениот кампус на УКИМ/10:00)

Штип - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на свеченоста по повод Прв академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“. (Мултимедијалниот центар на УГД, Економски факултет/10:30, изјави за медиумите/10:45)

Скопје - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити ќе се обрати на свечената церемонија на започнување на новата академска година 2024/2025 на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. (10:00)

Скопје - Десетта меѓународна конференција на тема „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: покажување посветеност и одржување на кредибилитетот“, во организација на Народната банка. (х. Мериот/9:00, и онлајн на линкот https://www.youtube.com/live/GjjliwME2aI/9:00, регистрација на учесниците од 8:30)

Скопје - Во Управниот суд ќе биде промовиран системот за аудио и видео снимање на судски расправи SRS Femida и Femida True Records“. (Управен суд/пристигнување на гости во 9:45,  присуство и следење на јавната расправа по предметот У- 5.бр.1893/22 од 10:00-10:30 во судница бр.2, прес-конференција во 10:30)

Скопје - Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) и Фондацијата Фридрих Еберт Скопје ќе одржат конференција на тема “Социјален дијалог - состојба, перспективи и предизвици”. (х.„Александар Палас“/10:00, регистрација на учесниците од 9:30)

Скопје - Прес - конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче. (Седиште на партијата/13:30)

Скопје - Прес - конференција на Здружение „Наши“ на која ќе ја информираат јавноста дека започнува процесот на „Одговорност“ во центрите за социјална работа. (пред платото на Основното Јавно Обвинителство - Скопје/  13:00)

Охрид - Прв академски час од академската 2024/2025 година на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид. (12:00)

Битола - Прв академски час во новата студиска година на УКЛО-Битола. (Технички факултет/10:00)

Охрид - Центарот за семејна медицина при Медицински Факултет Скопје во соработка со Комисија за имунизација при Министерство за здравство, ќе одржи стручен состанок „Една вакцина за сите“, наменет за матични лекари, педијатри и гинеколози, чија цел е воведување на деветовалентна ХПВ вакцина во редовниот вакцинален календар. (х.„Нова Ривиера“/14:00)

Скопје - Здружението за едукација, промоција и заштита на здравствените и човековите права „Биди Човек“ и пензионерското движење (ИОПД) „Тука сме“ ќе го одбележат Денот на возрасните лица - 1-ви Октомври, со панел дискусии и проекции на краткиот филм „Шарац“. (Дом на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“, ул. 11-ти октомври“ бр.42/10:00)

Скопје - Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од поетот Митко Гогов. (Културно-информативен центар - Скопје, Сала империјал 2/19:19)

Скопје - Отворање на изложбата „Сенки во облаците“ на Емил Шулајковски. (Чифте амам/20:00)

Скопје - Прес-конференција на групата „Меморија“. (Простории на Универзитет „Скопје“, екс-Универзитет за туризам и менаџмент/13:00)

Скопје - Концерт на Националниот џез оркестар. (Летна сцена „Славиша Кајевски“)

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан