МИА Најави-свет
- Давос – Продолжува Светскиот економски форум.

21 Јануари 2025
Давос – Продолжува Светскиот економски форум. Најавени се говори на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, кинескиот вицепремиер Динг Ксуешуанг, германскиот канцелар Олаф Шолц, претседателите на Израел, Украина и Јужна Африка, Исак Херцог, Володимир Зеленски и Кирил Рамафоса.
Берлин – Германската партија на зелените ја почнува својата изборна кампања во пресрет на предвремените парламентарни избори, на кои кандидат за канцелар е актуелниот вицеканцелар Роберт Хабек.
Њујорк – Состанок на Советот за безбедност на ОН за борба против тероризмот во Африка.
Брисел – Здружението на производители ACEA ќе објави податоци за продажбата на нови автомобили во Европа во 2024 година.