• среда, 08 мај 2024

МИА Најави-свет

МИА Најави-свет

19 Март 2024

Брисел – Нова рунда дијалог на ниво на главните преговарачи на Косово и Србија.

Женева – Светската метеоролошка организација презентира извештај за состојбата на климата во светот во 2023 година.

Воена база Рамштајн, Германија – Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ќе биде домаќин на седмиот состанок на Контакт групата за одбрана на Украина.

Париз – Протести на државни службеници и медицински сестри.

Берлин – Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ќе ја прими естонската премиерка Каја Калас.

Брисел – Состанок на министрите за европски прашања на ЕУ.

Спрингфилд, САД – Во американската сојузна држава Илиноис, избори на Демократската партија и Републиканската партија за номинација на партиски кандидати за претседателските избори.

Манила – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во посета на Филипините.

Тирана – Американскиот помошник државен секретар за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законот Тод Робинсон е во посета на Тирана од 18 до 20 март, каде ќе се сретне со албанскиот премиер Еди Рама и партнерите кои ја поддржуваат работата на Албанија за зајакнување на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал и градење силни институции.

Остани поврзан