• петок, 10 мај 2024

МИА Најави-свет

МИА Најави-свет

1 Јануари 2024

Брисел – Белгија го презема шестмесечното претседавање со Европската унија.

Рим – Италија го презема едногодишното претседавање со Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7), која ја сочинуваат Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД.

Вашингтон – Во САД стапуваат во сила прописите за пронаоѓање лажни компании во борбата против корупцијата, перењето пари и даночното затајување.

Ватикан – Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, ќе одржи миса по повод Светскиот ден на мирот.

Остани поврзан