• петок, 22 ноември 2024
МИА Флеш
27 август 2021  Скопје - Нискобуџетната авиокомпанија  Виз Ер денеска најави четири нови рути од Северна Македонија до Италија, Германија и Данска. Станува збор за дестинациите од Скопје до Болоња и Торино – Италија, од Скопје до Билунд – Данска и од Охрид до Фридрихсхафен – Германија. Првите летови до новите дестинации ќе бидат во декември годинава. – Новите линии ќе ги надополнат постојните услуги што веќе се користат од скопскиот и охридскиот аеродром и ќе ја потврдат заложбата на авиокомпанијата да им понуди на македонските патници летови до различни дестинации. Новите рути до Болоња, Торино, Фридрихсхафен и Билунд ќе започнат со работа благодарение на распределбата на 5 -тиот авион на Wizz Air базата во Скопје, соопшти денеска Виз Ер. Скопје - ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива денеска на средба на лидерите на партиите Христијан Мицкоски и Зијадин Села и Африм Гаши постигнале договор за соработка на претстојните локални избори што треба да се одржат во октомври. За деталите за соработката ќе се договараат општинските организации на трите партии. Средбата на тројцата партиски лидери се пратеничката канцеларија на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива . Струга -  Во Паркот на поезијата во Струга обновени се спомен-плочите со отпечатени имиња и земјата од која доаѓаат од сите досегашни лауреати на „Струшките вечери на поезијата“, поставени пред засадените дрвца, соопшти Дирекцијата на фестивалот. Досегашните бронзени плочки, кои, беа честа мета на кражби и вандалство, според информацијата од СВП, се заменети со плочки од композитен материјал со метален слој. Тетово - Министерот за економија Крешник Бектеши, заедно со првиот вицепремиер Артан Груби и министрите Фатмир Бесими и Насер Нуредини ја посетија компанијата „Кипер маркет“ од Тетово која што е една од 400-те компании кои добија грант за реализација на нова инвестиција преку Јавниот повик за зголемување на конкурентноста кој што го спроведе Министерството за економија. Менаџментот на компанијата информираше за инвестирањето на дистрибутивен центар, како и за плановите за раст и развој во наредниот период. -Ова уште еднаш докажува дека во Северна Македонија се создава стабилна клима во однос на инвестициите и не само во привлекување странски инвестиции, туку и во поттикнување и стимулирање на растот на домашните инвестиции. Би  сакал јавно да му честитам на менаџментот, раководството, сопствениците на компанијата „Кипер маркет“ кои континуирано ги зголемуваат своите капацитети и не само во однос на зголемување на инвестициите, туку истовремено индиректно и директно влијаат на зголемувањето на другите економски капацитети, кажа министерот Бектеши.

Тетово - На 4 септември ДУИ во Гостивар на централно претседателство ќе ги соопшти кандидатите за градоначалници во 18 општини каде за локалните избори партијата ќе има свои кандидати, најави првиот вицепремиер и партсиски функционер Артан Груби.

Тој истакна дека е убеден за апсолутна победа во 16 од нив, а очекува победа во втор круг во општини како Брвеница, Студеничане и евентуално и Чашка.

Струга - Збирката „Двоумење“, минатогодишен добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата е нов, необичен глас во македонската поезија, забележа претседателката на Друштвото на писатели, Соња Стојменска-Елзесер на денешната промоција на портретот на авторката Ива Дамјановски во рамките на 60. Фестивалско издание. Според неа, целата збирка е компактна, а песните се како природно изделкани скулптури, парчиња камен, кои како да немало потреба некој да ги обработува, да ги мазни и длаби, туку како да се одронале точно такви какви што треба да бидат и да останат само такви и никакви други. Скопје  – Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 17. седница соопшти дека досега 15 независни кандидати за градоначалници ги собрале потребните потписи за учество на локалните избори, а потписи собрале и 30 независни советнички листи во различни општини во подрачните единици на ДИК. До 30 август трае собирањето потписи за независните кандидати за градоначалници и советнички листи, а вработените во подрачните единици, утре и в недела ќе работат еден час подоцна, додека на 30 август, ќе работат до 24 часот, беше соопштено на седницата.

Тетово - Епидемиолошката состојба ќе биде основа какви мерки ќе има во наредните месеци кога ќе има попис и локални избори, но, ако се почитуваат протоколите нема да има проблеми, оцени министерот за здравство Венко Филипче од Тетово на новинарско прашање дали ќе има промени во мерките и поради овие два процеси.

-Ние минатата година дадовме препораки да нема големи митинзи и немаше и тоа што е битно е тоа што сите и политичките партии треба да знаат дека има препораки за тоа како собирите се организираат. И сега има општи препораки за организирање собири или настани на отворено или на затворено – колкав треба да е капацитетот зафатен од вкупниот капацитет на располагање, дистанците коишто треба да се држат и во рамките на одржувањето на настаните во рамките на протоколите ние не гледаме проблем. Значи, проблем има секогаш кога протоколите не се почитуваат, истакна министерот.

Скопје  – Темел за сите идни реформски чекори, документ кој ќе овозможи креирање ефикасна и транспарентна институција во служба на граѓаните. Вака министерот за правда Боја Маричиќ ја претстави првата Функционална анализа за Министерството за правда на денешниот хибриден настан по овој повод. Анализата, нагласи Маричиќ, дава целосен и сеопфатен приказ на сите надлежности на Министерството. Струмица – Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вели дека градинките се подготвени да продолжат со работа по протоколите за заштита од КОВИД-19. Се прави дефинфекција на објектите на градинките и се обезбедуваат сите дефинфекциски срества кои ќе бидат потребни. Министерката апелира уште повеќе да се зголеми опфатот на вакцинирани вработени во градинките, кој сега изнесува околу 65 проценти. Таа потсети и дека градинките уште од минатата година се подготвени да работат во овие вонредни услови коишто ги наметна пандемијата со КОВИД -19.

Тетово –  Епидемиолошката состојба ќе биде основа какви мерки ќе има во наредните месеци кога ќе има попис и локални избори, но, ако се почитуваат протоколите нема да има проблеми, оцени министерот за здравство Венко Филипче од Тетово на новинарско прашање дали ќе има промени во мерките и поради овие два процеси.

-Ние минатата година дадовме препораки да нема големи митинзи и немаше и тоа што е битно е тоа што сите и политичките партии треба да знаат дека има препораки за тоа како собирите се организираат. И сега има општи препораки за организирање собири или настани на отворено или на затворено – колкав треба да е капацитетот зафатен од вкупниот капацитет на располагање, дистанците коишто треба да се држат и во рамките на одржувањето на настаните во рамките на протоколите ние не гледаме проблем. Значи, проблем има секогаш кога протоколите не се почитуваат, истакна министерот.

Тетово – По барањето на Општина Тетово за почнување на учебната година со онлајн настава во првите три недели, Комисијата за заразни болести одлучи само средните училишта да имаат наставен процес преку интернет и тоа за првите две недели во Тетово и Гостивар, а како ќе се одвива понатаму ќе зависи од развјот на состојбатазависност од ситуацијата, изјави во Тетово министерот за здравство Венко Филипче.

-Една од главните причини за оваа одлука е состојбата во болниците кои се преполни, пациенти од Тетово и Гостивар се сместуваат во Скопје. Бројката на ученици во средните училишта е висока и може да биде дополнителен ризик фактор иако морам да потенцирам дека немаше трансмисија во училиштата минатата учебна година кога 40 проценти од учениците беа во училниците. Но мораме да сме внимателни сепак сега имаме преполни биолница и не може да се преземе ризик да се случи уште едно дополнително влошување на состојбата. Добро е што бројките на заболени се намалуваат. Масовната имунизација и стекнатиот имунитет веројатно е го прави бранот поразличен, но за да потврдиме ова треба уште некое време треба да помине. Опфатот на вакциниција порасна од 23 на 35 отсто во Тетово, рече Филипче по средбата со градоначалничката Теута Арифи.

Скопје - Од 06.08 до 26.08.2021 17.020 граѓанин во државата се позитивни од тестираните за КОВИД. Од нив, 2924 лица или 17 отсто се целосно вакцинирани, покажува најновата анализа на Министерството за здравство (МЗ). Според МЗ, голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со КОВИД, а рапиден е и растот на реинфекции со КОВИД. Софија – Парламентот, со 130 гласа, ги усвои во прво читање измените во државниот буџет за 2021 година. „Против“ беа 45 пратеници од ГЕРБ-СДС, а 20 од ДПС беа воздржани. Со цел да се справи со негативното влијание на Ковид-19 врз економијата, предвидено е да се обезбедат средства за помагање на бизнисот и за програми за вработување во износ до 400.000.000 лева (околу 200 милиони евра). Белград – Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ денеска, говорејќи за меѓупартискиот дијалог за претстојните избори, изјави дека прагот од три отсто ќе остане за изборите и нема да се врати на претходните пет отсто, јави дописникот на МИА од Белград. – Сите правеа бучава (од опозицијата) кога тој беше спуштен, а во основа беа среќни. Потоа сите беа заинтересирани дали ќе се врати на пет отсто – нема да се врати, ќе остане три отсто, изјави Дачиќ за РТС. Атина – Поранешниот грчки министер од редовите на ПАСОК, Акис Цохаѕопулос почина на 82-годишна, додека беше на лекување во атинска болница, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми Цохаѕопулос починал од срцев удар, а во изминатите години се соочуваше со сериозни здравствени проблеми. Копенхаген – Данска од 10 септември ќе ги укине сите ограничувања воведени поради спречување на пандемијата на коронавирусот, соопштија здравствените власти. – Епидемијата е под контрола, имаме рекордно високо ниво на вакцинација, изјав данскиот министер за здравство Магнус Хеунике. Берлин – Германската издавачка куќа Аксел Спрингер соопшти дека ќе ја купи американската медиумска компанија Полиика, со што ја проширува својата глобална мрежа на дигитални информативни медиуми. Двете компании не ги открија деталите од купопродажниот договор, но Њујорк тајмс објави дека можно е Аксел Спрингер да плати една милијарда долари за Политико.

Вашингтон - Флорида е најпогодена сојузна држава во САД по појавата на новиот Делта сој на коронавирусот, каде смртноста од вирусот моментално е поголема од кога било од почетокот на пандемијата, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Во изминатото деноноќие на Флорида од коронавирус починале 901 лице, додека  инфицирани биле речиси 22.000 луѓе. Хоспитализациите се на максимално ниво. Овој негативен тренд се должи на указот на гувернерот Рон Десантис за забрана на спроведување на мерките на сојузната влада за задолжително носење маски. 

Москва  – Пакистанската армија пукала врз група Авганистанци кои се обидувале илегално да влезат во земјата во близина на контролниот пункт Торкам во северозападен Пакистан, објавија руски медиуми. Како што е наведено од извор од редовите на талибанците, во пукањето загинале три лица, а петмина биле повреден

Тагови

Остани поврзан