• петок, 22 ноември 2024
МИА Флеш
5 јули 2021  Скопје – Министерството за здравство соопшти дека почнувајќи од 12 јули вакцинацијата против Ковид-19 ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација. Од Министерството посочуваат дека од 12 јули ќе може да се вакцинира секој граѓанин без оглед дали е пријавен или не се пријавил на веб страницата vakcinacija.mk . Скопје - Министерот за здравство Венко Филипче денеска на работен состанок со директорите на здравствените домови во државата и членови на Националната работна група за Ковид-19 вакцинација, ги утврдуваа насоките за организација на теренска вакцинација којашто треба да започне од следната недела. Здравствените домови, како што соопшти Министерството за здравство, до петок треба да изготват план и организација за секој ден, време и место на теренската вакцинација. Скопје – Комисијата за финансирање и буџет како матична собраниска комисија денеска ја почна амандманската расправа по Предлог-измените на Законот за додадена вредност со кои за годинава се предлага намалување на ДДВ-то за електрична енергија од 18 на 5 проценти. Пратениците расправаа по првиот амандман поднесен од ВМРО-ДПМНЕ со кој се бара стапката на данокот на додадена вредност за електрична енергија од пет проценти да важи не само за домаќинствата, туку и за компаниите и за индустријата. Скопје – Делегацијата на Европската Унија во Скопје објави меѓународен тендер со отворена постапка за изведба на градежни работи за адаптација на постојните образовни објекти во земјава за да се обезбеди пристап и функционалност за лицата со посебни потреби. Повикот е во рамки на програмата ИПА/2019/041-263 Годишна програма за Република Северна Македонија за 2019 (Цел 2) – ЕУ за инклузија. Целта не проектот е  да го подобри пристапот во 10 до 15 образовни објекти во Северна Македонија.
Скопје - Од 2005 година до денес, околу 5000 деца Роми бесплатно се вклучиле во предучилишно образование. Резултатите од тоа во општството веќе се видливи, затоа што голем дел од нив веќе се ученици во средните училишта и студенти на високообразовните институции, рече денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
Вклучувањето на децата Роми во претшколското образование, но и потоа во образовниот процес, според неа, е многу значајно, особено што голем дел од нив доаѓаат од семејства во социјален ризик.
Скопје – Состојбите во транспортниот сектор во регионот, идните планирани активности, можноста за проширување на концептот „зелени коридори“ заради олеснување на транспортот со соседните земји членки на Европската Унија и безбедноста на патиштата, се темите на Министерскиот совет во рамки на Транспортната заедница, што се одржува во Брдо кај Крањ, на кој учествува и министерот за транспорт Благој Бочварски. Бочварски во обраќање на министерскиот совет го истакна примерот со т.н. зелени коридори кои беа воведени за време на падемијата како успешен пример за брзиот транспорт на стока и медицински материјали се со цел избегнување на тесните грла на границите. Љубљана – Словенија во моментов има само 40-ина потврдени случаи на заразната Делта варијанта на коронавирусот, рече денеска словенечкиот премиер Јанез Јанша, додавајќи дека четвртиот бран е неизбежен ако најмалку 70 проценти од населението не биде вакцинирано до крајот на летото.
– Ако не достигнеме 70 проценти, тогаш ќе имаме четврти бран и сè ќе биде затворено наесен, рече Јанша, одговарајќи на пратеничко прашање во врска со состојбата на епидемијата.
Тирана – Амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца, во обраќањето на конференцијата „Предизвик и борба против корупцијата“, рече дека Албанија направила напредок во областа на корупцијата и додаде дека „треба да видат казни и конфискации од судовите“.
Исто така нагласи дека треба да има јавни личности и службени лица кои треба да бидат зад решетки и да „разберат дека не се над законот“. Тбилиси  – ЛГБТ+ активистите во Грузија денеска ја откажаа парадата на гордоста откако нивните противници ја нападнаа нивната канцеларија во Тбилиси, како и некои активисти и новинари. Активистите во четвртокот почнаа петдневна прослава на правата на ЛГБТ + и планираа денеска да одржат „Парада за достоинството“ во центарот на Тбилиси, отфрлајќи ги критиките од црквата и конзервативците кои сметаат дека за тоа нема место во нивната земја. Москва – Руските воени и гранични службеници ќе го следат влошувањето на состојба во пограничните региони на Авганистан и ќе донесат соодветни одлуки, соопшти Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател. – Што се однесува до дополнителниот контингент, не можам да ви кажам. Се разбира, со развојот на ситуацијата, за жал, гледаме дека таа не се развива на најдобар начин. Соодветно на тоа, потребните одлуки ќе ги донесе нашата војска и граничарите, рече портпаролот на Кремљ на прашањето дали Руската Федерација размислува да испрати дополнителен контингент кој ќе му помогне на Таџикистан да ги заштити своите граници. Русија не разговара со авганистанските власти за воведување воен контингент во земјата поради влошената состојба во пограничните области, додаде Песков и нагласи дека покрај тоа, Русија е загрижена за развојот на ситуацијата во пограничните региони на Авганистан во услови на повлекување на американската војска од таму. Рим – Повторно е активиран вулканот Етна, на јужниот италијански остров Сицилија, па вистинска „фонтана од лава“ се спушта на од  неговата југо-источна страна, пренесуваат италијанскиите медиуми. На последната ерупција и претходеа неколку силни експлозии што се слушнаа далеку, додека од кратерот почна да излегува чад, а околните места набрзо беа прекриени со вулканска пепел.  

Тагови

Остани поврзан