• петок, 22 ноември 2024
МИА Флеш
16 јули 2021  Скопје – Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе го даде на Уставен суд своето мислење по однос на Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, откако денеска претседателот на државата Стево Пендаровски го потпиша указот, изјави за МИА претседателката на ДКСК Билјана Ивановска. – Законот е донесен со потребното мнозинство и притоа ниту еден пратеник или пратеничка група не гласале против. Сите институции и поединци кои имаат сомневања во однос на уставноста на Законот, можат да се обратат до Уставниот суд кој е единствена надлежна институција за оценка на уставноста на законите и другите општи акти, наведува Кабинетот на Пендаровски во соопштението. Скопје – По донесената наредба за спроведување истражна постапка, седуммина припадници на т.н. група од Гази Баба, осомничени во предметот „Планина“, откако беа запознаени со доказите што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги прибави во текот на спроведувањето на предистражната и истражната постапка, го признаа извршувањето на кривичното дело за кое се товарат, информира Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Врз основа на признание на вина, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција склучило Предлог – спогодби со осомничените. Судијата на претходна постапка при Основиот кривичен суд – Скопје ги прифатил Предлог – спогодбите и ги огласил за виновни за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори сите седум обвинети. Скопје – Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на КОВИД-19 и осум оздравени пациенти, а починати нема. Направени се 3.470 тестирања, а вкупната бројка на дијагностицирани е 155.866.
Скопје – Македонското женско лоби, Националниот совет за родова рамноправност и другите женски организации до парламентарните политички партии поднесоа барање за поголема застапеност на жените на кандидатските листи за градоначалници/чки.
Од овие организации посочуваат дека е време да им се даде шанса на повеќе жени да се натпреваруваат за можност да бидат избрани за „мајки” на своите општини.
– Согласно начелата на демократијата, репрезентативноста е основа и како вредност и како механизам за рамноправност. Заради нашето долгорочно залагање, работа и искуство на ова прашање, ве повикуваме да опстоите на вашите интерни заложби, и донесените документии декларации за промоција на жените кандидатки за градоначалнички на следните локални избори, соопштија од Националниот совет за родова рамноправност.
Скопје – Прво, треба да прашате врз што се темели обвинението затоа што перење на пари е последица на едно друго кривично дело кое мора да му претходи, а Обвинителството ниту го утврдило, ниту го предлага, па зборувам за мојот клиент, за Сашо Мијалков, не може ни да ја докаже неговата умисла и знаењето дека некој друг незаконито зел пари од партија па му помогнал на тој начин што му предложил офшор компании, изјави денеска адвокатот Ѕвонко Давидовиќ во врска со случајот „Плацови на Водно“.
Според Давидовиќ, онака како што напишано обвинението, воопшто не соодветствува на законското битие на кривичното дело „перење на пари“.
Скопје – Забележан е напредок во транспарентноста на јавната администрација, како и подобрување во областа на јавните финансии, но се уште е потребно унапредување на соработката со граѓанскиот сектор. Слабости се забележани и во управувањето на човечките ресурси и времените вработувања. Ова се главните заклучоци на вториот извештај за Мониторинг на реформата на јавната администрација, спроведен во 2020 година од страна на Институтот за европска политика (ЕПИ).
Истражувањето на ЕПИ за мониторингот на реформата на ЈА, покажува дека Северна Македонија предничи пред земјите во регинот во управувањето со јавните финансии, при што е утврдено дека се преземени значителни чекори за подобрување на управувањето со јавните финансии во земјава, а создадени се и значајни апликации за следење на јавните финансии. Подобрена е и комуникацијата и соработката на Државниот завод за ревизија со јавноста.
Скопје - Твитер профилот на министерот за здравство Венко Филипче утрово е ставен на рестрикција од страна на „Твитер“ откако, ненамерно, при логирање беше внесен погрешен код за верификација. Како што соопшти Министерството за здравство, оваа активност за социјалниот медиум беше причина да го ограничи профилот, но се работи на надминување на проблемот.

Скопје - Претседателот Стево Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија.

– Законот е донесен со потребното мнозинство и притоа ниту еден пратеник или пратеничка група не гласале против. Сите институции и поединци кои имаат сомневања во однос на уставноста на Законот, можат да се обратат до Уставниот суд кој е единствена надлежна институција за оценка на уставноста на законите и другите општи акти, наведува Кабинетот на Пендаровски во соопштението. 

Скопје – Во технолошко индустриските развојни зони во првата половина од годинава е регистрирано највисоко ниво на економска активност во последните дваесет години, покажала анализата на ТИРЗ. Во првите шест месеци и извозната активност била зголемена за околу 70 проценти во однос на истиот период лани, а увозната за 90 проценти. Во првата половина од годината се склучени договори за нови инвестиции во вредност од 105 милиони евра.
Извозната активност во индустриските зони достигнала 1 милјарда 559 милиони евра, што е за 67 проценти од истиот период во 2020, додека во однос на 2018 година порастот е 33,5 проценти.

Софија - Министерот за правда на Бугарија Јанаки Стоилов најави дека ќе му предложи на Пленумот на Врховниот судски совет предвреме да го разреши главниот обвинител Иван Гешев, јави дописникот на МИА од Софија.

Стоилов рече дека добил извештај со сигнали од министерот за внатрешни работи на Бугарија Бојко Рашков за нарушувања извршени од главниот обвинител на земјата. „Сметам дека има активности и неактивности што го нарушуваат престижот на судството“, рече министерот за правда Стоилов.  Белград – Вработени во Радио телевизија на Србија (РТС) на улицата „Таковска“ во Белград денеска се евакуирани околу 14 часот поради дојава за бомба, потврдено е за Б92.нет од Министерството за внатрешни работи на Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти Нова.рс, сите вработени во РТС се евакуирани по наредба на обезбедувањето и се наоѓаат во близина на Абердаревата улица.

Брисел – Европската дипломатска служба потврди дека в понеделник ќе се одржи нова рунда преговори помеѓу Белград и Приштина, чија цел е нормализирање на односите и изнаоѓање трајно решение за косовското прашање, јави дописничката на МИА од Брисел.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти ќе допатуваат во Брисел за оваа нова рунда под медијаторство на специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак и шефот на ЕУ дипломатијата, Јосеп Борел.

Минск  – Судот во Минск денеска осуди 11 студенти и еден универзитетски професор на најмалку две години затвор поради учество во минатогодишните протести по реизборот на претседателот Александар Лукашенко, соопшти невласината организација Весна. Еден студент е осуден на две години затвор, а другите се осудени на 2,5 години. Тие се обвинети за „организиран криминал“ и дека активно учествувале во настани кои „сериозно го нарушуваат јавниот ред“ на универзитетите. Москва - Исчезнатиот авион Антонов 28 (Ан-28) е пронајден и нема загинати лица, соопшти Сибирскиот авиоцентар за потрага и спасување. Авион Ан-28 со 17 луѓе денеска исчезна од радарите во регионот на Томск, западен Сибир. Лондон – Новинарот на Ројтерс, Даниш Сидики е убиен денеска додека го следеше судирот меѓу авганистанската армија и талибанците во близина на граничниот премин со Пакистан, објави авганистански командант. Авганистанските специјални единици се бореа против талибанците да ја преземат контролата врз пазарот во Спин Болдак кога Сидики и висок авганистански командант беа убиени.

Тагови

Остани поврзан