• четврток, 09 мај 2024

МИА Најави – МКД

МИА Најави – МКД
16 септември 2022 Скопје – Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе одржи редовен неделен брифинг за последните актуелности од надворешната политика. (МНР/ 10:00, снимателите и фоторепортерите да пристигнат најдоцна/ 9:50) Тетово – Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и директорот на ЈУНП Шар Планина Ибрахим Дехари ќе се обратат на јавните расправи за Нацрт-планот за управување и за Нацрт-изештајот за стратегиска оцена врз животната средина на Национален парк Шар Планина за периодот 2022-2031. (Државен универзитетот во Тетово/ 10:00 – 12:00 и 12:30 – 14:30) Скопје – Тркалезна маса „Превенција и следење на корупцијата во судството“ на која воведни излагања ќе имаат вицепремиерката за политики и добро владеење Славица Грковска и министерот за правда Никола Тупанчески. (х. „Мериот“/ 10:30, изјави за медиумите пред почетокот на дискусијата) Скопје – Завршна конференција на проектот „Медијација, без дилема!“ насловена „Употреба на медијација – постигнати успеси и преостанати предизвици“ во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ). (х. „DoubleTree by Hilton“ или онлајн преку платформата ZOOM/ 10:45) Скопје – Комеморација по повод смртта на амбасадорот на Северна Македонија во Берлин, Рамадан Назифи. (Амфитеатар на МНР/ 12:00) Скопје – Прес-конференцијата на претседателот на Конфедерација на синдикални организации на Македонија (КСОМ) Марјан Ристески. (пред просториите на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска/ 11:30) Подгорица – Н.У. Театар за деца и младинци со претставата „Палешка“ ќе гостува на „9. Меѓународен фестивал на кукларство Подгорица“. Скопје – Почнува фестивалот „Звукот на Скопје“. (пред Филхармонија) Скопје – На 25. Јубилејно издание на Скопје филм фестивал ќе бидат прикажани филмовите „Официјална конкуренција“ и „Соколово езеро“. (Кинотека / 20:00 и 22:00) Скопје – Самостојна изложба „Принтана едиција“ на уметникот Менсур Бојда. (Грал Галерија, бул. „Свети Климент Охридски“ 45-6 / 19:00/   ______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 2022-09-14 22:05:26, од Гордана Василева

Остани поврзан