• вторник, 07 мај 2024

МИА Најави – МКД

МИА Најави – МКД
13 септември 2022 Скопје – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери ќе се сретне со претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Тереза Рибеиро. (Сала на Влада/ 13:30) Скопје – Седници на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (Сала 4/ 12:00 и 13:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (сала „Борис Трајковски“/10:00) Инчеон – Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи ќе учествува и ќе се обрати на Втората конференција за глобално програмирање на Зелениот климатски фонд во Јужна Кореја. Скопје – Промоција на учебник по Детска стоматологија од група автори. (амфитеатар на Стоматолошки факултет/ 12:00) Скопје – Трет по ред „Инвеститорски ден“ на Македонската берза - тргување со акции за домашни физички лица без провизии преку сите членки на Берзата. Скопје – АДКОМ и јавните комунални претпријатија ќе ја одржат последната дебата за решавање на проблемот со високите сметки за електрична енергија. (х. „Континентал“ – „Кристална сала“/ 12:00, прес-конференција во 13:30) Охрид – Тркалезна маса: „Предизвици и можности за добро локално владеење во дигитална ера“. (х. „Белведере“, конференциска сала, кат 1/ 11:00) Скопје – Фондација Метаморфозис организира онлајн настан за промоција  на резултатите од Проценката на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2022 година и промоција на резултатите од Проценката на добро владеење во Северна Македонија и регионот преку Индексот на отвореност според мерењето за 2021. (на платформата ZOOM, https://techsoupglobal.zoom.us/j/96425426961?pwd=Z0JPa3BYNEs1VnJPU1E5b2FEclV3QT09 /10:00) Ресен – Патувачкото кино на „МакеДокс“ во Преспа.  (Сарај/ 19:30) Скопје – Ретроспективна изложба „Пат за Волкодери – Ретроспектива“ со дела од македонскиот уметник Симон Узуновски. (Музеј на современа уметност/ 20:00) Пазин – Изложба на македонска илустрација „Дом без граници“ на фестивалот „Овца во кутија“ во Пазин, Хрватска. (Галерија на ликовните уметници/ 19:00)  ______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан