• сабота, 04 мај 2024
МИА Најави – МКД

МИА Најави – МКД

  2 октомври 2021
Штип - Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе го одбележи 5 Октомври - Светскиот ден на учителот со трибина на тема „Училиштето е огледало на општеството“. (Факултет за образовни науки – Штип, Свечена сала, Стар ректорат/ 10:00, изјави за медиумите се предвидени/ 9:50) Скопје – Промоција на самоводечка, велосипедска прошетка „Скриените музеи во Скопје“. (10:00) Скопје – Самостојна изложба „Игри на проекции“ на минијатури и мал формат слики на Ивона Вековска. (Галерија „КО-РА“, нов салон сутерен/ 18:00 - 21:00) Скопје - ПичПрич, иницијатива за промовирање на женската усна историја ќе одржи традиционална гала вечер на тема љубовни писма. (Куршумли ан/ 20:00) Скопје – Петто издание на ONE MORE TRY Skopje - скејтбординг натпревар. (пред СЦ „Борис Трајковски“/ 14:00) Локални избори 2021: Делчево – Првиот централен караван на СДСМ е меѓу граѓаните на Македонска Каменица, Пехчево и Берово, а централниот настан каде ќе се обратат претседателот на партијата  Зоран  Заев  и  кандидатот  за  градоначалник Горан Трајковски ќе се одржи во Делчево (на платото пред ДОМ на АСНОМ/ 12:30). Виница - Претседателот на СДСМ Зоран Заев и кандидатот за градоначалник на Виница, Ивица Димитров ќе се обратат на плоштадот „Ангел Винички“/ 20:00) Демир Капија – Вториот караван на СДСМ ќе одржи настан на кој ќе се обратат потпретседателот Фатмир Битиќи и кандидатот за градоначалник Лазар Петров на плоштадот „Демир Капија“/ 18:30) Скопје - Изјава на Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на СДСМ и коалицијата за општина Аеродром. (кај паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче/ 11:00) Гостивар - Форум на жени на ДУИ, огранокот во Гостивар организира панел на тема „Зависноста од игри на среќа“. (Центар за култура, мала сала/ 17:00) Маврово-Ростуше/Јегуновце/Тетово/Брвеница/Теарце/Гостивар – Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во повеќе населени места. (во центарот на Ростуше/ 16:30; во Јегуновце пред ОК на ВМРО-ДПМНЕ/ 17:00; во Тетово на плоштадот/ 18:00; во Брвеница пред Општинската зграда/ 19:00; во Теарце пред Општинската зграда/ 19:00 и во Гостивар на Градскиот плоштад/ 20:30) Скопје - Прес-конференција на независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска. (во Граѓанскиот штаб на ул. „Македонија“/ 11:00) Скопје – Прва скопска дружба со Левица и Петар Георгиевски - Камиказа, на која ќе се обратат претседателот Апасиев, независниот кандидат Перо Камиказа и носителот на скопската советничка листа Реџеп Исмаил. (Градски парк на фонтана/ 13:00) Скопје – Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Ана Петровска, заедно со независната советничка листа на Зелен Хуман Град организира маалска средба во населба Центар. (во близина на Клуб на пратеници, „Партизански одредби“ бр. 8/ 11:00) Скопје – Иницијативата Зелен Хуман Град организиран отворен настан наречен Агора, на тема „Енергетска ефикасност“. (спроти објектот ТЕ-ТО, на кејот на реката Вардар/ 13:30) Скопје – Прес-конференција на претседателот на ТВОЈА партија и кандидат за градоначалник на град Скопје Александар Тортевски на која ќе бидат претставени и други кандидати од партијата. (Парк кај Град Скопје/ 10:30) Скопје – Изборни активности на Движењето Беса. (Сарај/ 19:30)
___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан