• сабота, 18 мај 2024
МИА Најави – МКД
3 октомври 2021
Теново - Премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, ќе дадат изјави по повод акцијата за пошумување на опожарените површини во атарот на село Теново, Општина Брвеница. (линк до локацијата: с. Теново, Општина Брвеница/ 10:30) Скопје – Мултимедијална промоција на збирката песни „Карши“ од Маријана Котевска -Георгиева. (Капан ан/ 19:00) Битола - Интерфест фестивал на класична музика, концерт на Маурицио Матарезе и Карла Авентаџиато, дуо пијано од Италија. (ЈОУ КИЦ - Битола / 20:30) Скопје – Виз Ер Скопски Маратон 2021, традиционално со четирите трки. (Стартот и целта на трката ќе бидат на платото пред главниот влез на СЦ „Борис Трајковски“/ 8:00 и 8:10) Локални избори 2021: Тетово – Централниот караван „Најдоброто“ е меѓу граѓаните на Желино, Брвеница, Боговиње, Урвич, Јегуновце, а на централниот настан ќе се обратат претседателот на СДСМ Зоран Заев и кандидатот за градоначалник Хамдија Елезовиќ. (Плоштад „Маршал Тито“/ 20:00) Скопје - Во рамки на вториот караван „Најдоброто“ ќе се обратат потпретседателот на СДСМ Венко Филипче и кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров Александар Наумовски.(Ѓорче Петров, амфитеатар Корзо/18:00) Куманово/Скопје – Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во повеќе населени места. (Куманово, на Градскиот плоштад/ 18:00; во Карпош, плоштад Млечен/19:30 и во Кисела Вода, пред Општина Кисела Вода/ 21:00) Скопје – Прес-конференција на Алијанса за Албанците. (во седиштето на партијата/ 13:00) Скопје – Прес-конференција на независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска. (во Граѓанскиот штаб на ул. „Македонија“/ 11:00) Кичево/Демир Хисар, Маврово-Ростуше – Изборни активности на Движењето „Одлучно за промени“, предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП. Кавадарци/Неготино – Претседателот на Левица, Димитар Апасиев и носители на листи ќе отворат канцеларии во Кавадарци/ 18:00 и во Неготино/ 20:00) Гостивар - ФРАШ – Гостивар органириза „Спортска недела“, Малеарди каде ќе бидат присутни претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари. (Фудбалски стадион, спроти АКВА ТЕРМ/ 15:00) Скопје – Изјава за медиуми на Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на СДСМ и Коалицијата за општина Аеродром. (во Долно Лисиче, спроти месната заедница/ 11:00) Скопје – Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Ана Петровска, заедно со независната советничка листа на Зелен хуман град ќе ја промовираат програмата за градоначалник на Град Скопје 2021 – 2025 година. (Градски парк, кај седумте чешми во близина на споменикот на Гоце Делчев/ 12:30) Скопје – Прес-конференција на кандидатите за градоначалник на Град Скопје Арбен Бени Шакири и кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров Љупчо Јаневски. (во паркот во општината Ѓорче Петров/ 12:00) Скопје – Кандидатот за градоначалник на Град Скопје и носителот на советничката листа, Александар Тортевски и Агим Јонус ќе ја претстават програмата за Град Скопје. (ул. „Македонија“ бр. 25, пред седиштето на ТВОЈА партија/ 11:30) Скопје – Кандидатот на Комунистичката партија на Македонија за градоначалник на Град Скопје, Горан Арсовски ќе ја претстави Изборната програма. (паркинг на Средно Водно, пред главниот влезна жичарницата/ 12:00) Порој – Изборни активности на Движењето Беса. (Порој/ 19:30)
___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан