• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави – МКД
12 септември 2022  Скопје – Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите  именувањата. (Сала „Борис Трајковски“/ 10:00) Скопје - Претседателот на Комисијата за работите на ЕУ во германскиот Бундестаг Антон Хофрајтер во посета на Собранието на Република Северна Македонија. (Сала на Влада/ 9:30) Карбинци - Министерот за локална самоуправа Горан Милевски и градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов ќе присуствуваат на опочнувањето на градежните активности за реализација на проектот „Санација на мост на река Брегалница кај село Долни Балван“. (Карбинци/ 11:00) Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на брифинг со новинари ќе ги презентира предностите од Договорот за соработка во областа на механизмите за безбедност со храна потпишан помеѓу земјите членки на иницијативата Отворен Балкан и новите предлог мерки и политики во рамки на Националниот план за производство на храна. (Клубот на пратеници/11:00) Скопје - Работен состанок на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. (Стопанската комора на Северна Македонија, изјави за медиуми/12:30) Скопје - Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, амбасадорката на Украина Лариса Дир и претседателот на Здружението на Украинците Олександр Урбанович ќе ја отворат Алејата на Украина“ (улица „Никола Кљусев“), како и изложбата која го демонстрира уништеното културно наследство на Украина. (Центар на Скопје/10:30) Скопје - Прес-конференција на ЛГБТ активистот Беким Асани. (Пред Влада на РСМ/ 12:00) Битола - Општинскиот одбор на Сојуз на борци-Битола по повод 80 години од смртта на народниот херој Стив Наумов ќе положи цвеќе пред споменикот на Стив Наумов кај Офицерки дом во Битола. (10:00)
- Свечена академија по повод 80 години од формирањето на партизански одреди и загинувањето на битолските партизани од НОАВМ и 75 години - Сојуз на борци од НОАВМ. (Кино„Манаки“- Битола/ 19:00)
Битола - „Музички перформанс - Стефанија&Владимир“. (Офицерски дом - концертна сала 20:00)
Скопје - Асоцијацијата на независната културна сцена - ЈАДРО го слави својот 10-годишен јубилеј со колективна изложба  „10 години ЈАДРО- сè уште оправдано присутни“. (20:00)
Скопје - Проекција на првиот од трите филма од „Кум“ по повод 50-годишнината од серијалот во рамки на „Скопје филм фестивал“. (Кинотека/20:00) Скопје - Концерт „Balkan Art Stage“ во рамки на Меѓународниот фестивал на класичната камерна музика СКУПИ КамерФест V-то издание. (Национална филхармонија/19:30) ______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан