МИА Најави – МКД
- 1 септември 2021
1 септември 2021
Скопје – Продолжение на 45-та седница на Собранието на Република Северна Македонија. (сала „Македонија“/ 12:00)
Скопје – Седници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (сала „Борис Трајковски“/ 11:00; 11:15 и 11:30)
Скопје – Седница на собраниската Комисија за економски прашања. (сала „Борис Трајковски“/ 14:00)
Скопје – Седници на собраниската Законодавно-правна комисија. (сала 6/ 15:00; 15:10 и 15:20)
Блед - Премиерот Зоран Заев ќе учествува на лидерскиот панел на тема „Иднината на Европа - Проширувањето“, кој е дел од 16. Стратешки форум „Иднината на Европа“, кој се одржува во Блед, Словенија.
Скопје – Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи на Кралството Данска, Јапе Кофид. (пристигнување на делегацијата/ 9:35; тет-а-тет средба на министрите Османи и Кофд/ 9:40-9:55; билатерална средба помеѓу делегациите на двете министерства, Кабинет на министерот/ 10:00-10:40; прес-конференција во холот на МНР/ 10:40-11:00)
Скопје – Министерката за образование и наука Мила Царовска и градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов по повод новата учебна година ќе се обратат во средното училиште „Никола Карев“. (12:30)
Скопје – Средното училиште СУГС „Браќа Миладиновци“ организира свечено започнување на новата учебна година, на кое ќе се обрати директорот на ФИТР, Коста Петров. (во ЗОО-паркот на училиштето/ 11:00)
Скопје – Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев ќе се обрати на приемот на првачиња во ООУ „Димо Хаџи Василев“, населба Влае. (8:30)
Скопје – Прес-конференција на Еко-свест на која ќе презентира Економска анализа за финансирање на малите хидроцентрали. (во „Жена парк“, пред споменикот на Жена борец/ 10:00)
Скопје – Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Република Северна Македонија ќе одржи трибина посветена на професорот Џевад Гега. (во просториите на ИДКН, сала „В. Вилсон“/ 10:00-15:00)
Скопје - Претседелот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе присуствува на Политичка академија 2021: „Поттикнување на демократија на локално ниво – Градење на добри политики и стратегии за одржлив локален развој“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ и Фондација Конрад Аденауер - Македонија. (ресторан „Рагуза Руфтоп“/изјава за медиуми 09:45)
Скопје – Националниот Блок „Не отворам врата“ ќе поднесе во Собранието официјално барање за одложување на пописот. (Изјава за медуми пред влезот на Собранието/12:00)
Скопје – Амбасадорката на Сојузна Република Германија Анке Холштајн ќе ги отвори Деновите на германскиот филм. (во летното кино „Мирно лето“ на Кинотека/ 20:00)
Скопје – Прво издание на новооснованиот интернационален Скопски поетски фестивал. (МКЦ/19:00)
Скопје – Прес-конференција посветена на годинешното издание на ИФФК „Браќа Манаки“. (Летно кино во Кинотека/ 11:00)
Охрид – Промоција на книгата „Членството во НАТО: на линијата на фронтот“ на Билјана Ванковска. (х. „Инекс Олгица“/ 18:00)
Скопје – Изложба на Дарко Аницин „Виножито на радоста“. (надвор пред Галерија „Ко-Ра“, мал салон ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин/ 18:30)
______________________________________________________________________________
МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини