• понеделник, 18 ноември 2024

МИА Најави – МКД

МИА Најави – МКД
16 октомври 2020  Скопје - Премиерот Зоран Заев, придружуван од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и генералниот директор на АД „Електрани на Северна Македонија“ Васко Ковачевски ќе извршат обиколка на претоварна станица во Скопје, каде се одложуваат стари печки и други нееколошки грејни тела. (Претоварна станица позади пунктот на „Водовод и канализација“ - Скопје, односно позади бензиската пумпа на „Макпетрол“, кај СЦ „Борис Трајковски / 10:00) Скопје - Вицепремиерот  задолжен за европски прашања и национален координатор за странска помош во земјава Никола Димитров, амбасадорот и шеф на Делегацијата на ЕУ Дејвид Гир, амбасадорот на Словачка Хенрих Маркуш и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски ќе присуствуваат на примопредавање на донацијата која што Словачка ја обезбеди за Северна Македонија преку Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, како поддршка во борбата против КОВИД 19. (касарна „Гоце Делчев", изјави за медиумите/15:00, медиумите да пристигнат најдоцна во 14:30) Гостивар - Министерката за образование и наука, Мила Царовска заедно со градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, ќе посетат две општински училишта и ќе одржат заедничка прес-конференција. (посета на ООУ „Исмаил Ќемали“/11:00, посета на Средното медицинско училиште/11:30 и прес-конференција/12:00) Скопје - Изјава за медиумите на копретседателите на Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија Драги Ѓорѓиев и Ангел Димитров.(Клуб на пратеници/17:45) Куманово - Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и командантот на КО и генерал-мајор Павле Арсоски ќе се обратат на Денот на одбележувањето на Командата за Операции (КО). (касарна ,,Боро Менков“/11:00) Скопје - Национален форум „Соработката помеѓу Претседателот и граѓанските организации“ во организација на Цивика мобилитгис. (х. „Александар Палас“/16:00 - 17:30) Стразбур - Седми регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа посветен на ефектот на пандемијата врз човековите права. (Форумот од Стразбур можете да го следите во живо, со обезбеден превод, после регистрација на следниов линк: http://bit.ly/3nKY2DJ) Скопје - Прес-конференција на Градежната комора на Македонија, на која изјави ќе дадат Ивица Јакимовски, претседател на Градежна комора на Македонија и Марко Бислимовски, директор на РКЕ. (на отворено пред Сојуз на стопански комори на Македонија/11:00) Истанбул - Самостојна изложба на слики на академскиот ликовен уметник Зоран Арсовски - Бабата со наслов „Космички бумеранг“. (Културно-информативен центар на РС Македонија во Истанбул/14:00) Скопје - Филмски фестивал за храна - „Трпеза филм фестивал“ во организација на Слоу фуд Водно и ФАО. (Кинотека/17:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан