• недела, 22 декември 2024

МИА Најави – МКД

МИА Најави – МКД
31 август 2021  Скопје – Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов ќе одржат заедничка прес - конференција во врска со тендерската постапка за изградба на клучката на булевар „Словенија“. (во близина на крстосницата помеѓу булевар „Словенија“ и „Качанички пат“, локација https://maps.app.goo.gl/4niCcLYjvnGKkmaf9  / 10:00) Скопје – Официјална посета на министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендијас чиј домаќин е министерот за надворешни работи, Бујар Османи. (тет-а-тет состанок на министрите Бујар Османи и Никос Дендијас / 9:30-9:45, билатерална средба/ 9:45-10:25, изјава за медиумите/ 10:30-11:00) Охрид - Министерот за здравство Венко Филипче ќе даде изјава за медиумите. (во дворот од хотелот „Инекс Олгица“/10:30) Скопје – Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 51-та седница. (на платформата ZOOM https://us06web.zoom.us/j/86299347531?pwd=NU1vRHRWc2N2QnB4V0FZOC93bFRqZz09  / 10:00) Скопје – Стопанската комора на Северна Македонија организира конференција на тема: „Како до видливи, валидирани, вреднувани и одржливи вештини за енергетска ефикасност во градежништвото“. (х. „Александар Палас/ 10:00, изјави за медиумите/ 11:00) Скопје – Прес-конференција по повод промоција на кандидатот за градоначалник на град Скопје, Александар Тортевски. (пред теренот на ФК Работнички во Парк/ 12:00) Скопје – Промоција на монографија и изложба на Тања Балаќ по повод 30 години творештво. (Чифте амам/ 20:00) ______________________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан