• петок, 05 јули 2024
МИА Најави – МКД
29 јуни 2021
Брисел – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери учествува на Самитот на претседатели на парламенти: Европски парламент – Западен Балкан. Скопје – Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (сала 6 /15:00) Скопје – Свеченост по повод завршувањето на учеството на Армијата на Северна Македонија во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, на која обраќања ќе имаат претседателот Стево Пендаровски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. (касарна „Илинден“ /10:45, новинарските екипи да пристигнат најдоцна/ 10:30) Скопје – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги преку видео- конференциска врска ќе го одржи вториот јавен состанок за 2021 година. (12:00) Скопје – Коалиција „Сите за правично судење“ организира завршна конференција – презентација на наодите од спроведениот мониторинг на кривични постапки со фокус на мерката конфискација. (х. „Солун“/ 12:00) Скопје - Свечено одбележување на 66-тиот роденден на Општина Кисела Вода. (Голема сала на Општина Кисела Вода/ 14:00) Скопје - Цивил организира прес-конференција „Отворено, за сите прашања“. (х. „Парк Резиденс&Спа“, сала „Њујорк“/11:00, прес-конференцијата ќе се емитува во живо на Фејсбук страницата и на видео каналот на ЦИВИЛ) Скопје – ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема: „Каква е улогата на граѓанските организации во општествено-политичките процеси?“ (во х. „Парк Резиденс&Спа“/ 12:00) Скопје – ЗИП Институт официјално ќе го отвори Центарот на младинската заедница во Сарај. (во просториите на Средното училиште Сарај/ 10:00) Скопје – Учество на Македонскиот народен театар во годинашната програма на 42. „Скопско лето“ со претставата „Отело“. (на големата сцена во МНТ/ 20:00) Скопје – Промоција на збирката филмски рецензии и есеи „Видеологија“ од Златко Ѓелески. (платото пред МКЦ/ 20:00) Скопје – Недела со добитниците на наградата „Пегаз“ за 2020 година - промоција на романот „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски. (на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“/ 19:00) Скопје – Самостојна изложба  на Виктор Соколовски. (во холот на Кинотека/ 20:00) Скопје - Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 организира брифинг за новинари. (ресторан DAILY food & wine во ТЦ „Лиса“ во населба Ново Лисиче /11:00)
__________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан