• недела, 22 декември 2024
МИА Најави – МКД
24 јуни 2021 Скопје – Средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери со претставници на медиумите. (сала на Уставна комисија /10:00) Скопје – Пратенички прашања на 44-та седница на Собранието на Република Северна Македонија. (сала „Македонија“ /11:00) Скопје – Свечено отворање на изложбата по повод 30 години на Вишеградската група. (Кристална сала /14:00) Велес – Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, ќе учествува на настан на граѓанската организација Habitat for Humanity, кој ќе се одржи на локација каде се градат објекти за домување на оваа организација во Велес. (на спојот на улиците „Живко Фирфов“ и „Невена Георгиева Дуња“ /10:00, изјави за медиумите /11:20) Тирана – Регионалниот совет за соработка (РКЦ) ќе го претстави изданието „Балкански барометар“ во 2021 година. (во живо на YouTube и Facebook на RCC /10:00) Скопје – Прес-конференција на Независниот синдикат на камионските транспортери на Македонија – НСКТМ МАКАМТРАНС и Независниот синдикат на градежни работници инженери и трговци во градежништвото - НС ГРИТГ. (пред Владата на РСМ /12:10) Скопје - Професорскиот президиум на Средно уметничко училиште  пред платото на Министерството за образование и наука ќе отвори Протестна изложба. (11:00) Скопје – Прес-конференција по повод јубилејот 20 години CINEDAYS - CINEDAYS лансира нова програма: Warm-up CINEDAYS - Европско патувачко кино под отворено небо. (МКЦ/ 11:00) Скопје – Јавна научна трибина: „Македонското народно творештво – показатељка на степенот на умственото развитие на народот и огледало на неговата душа“. (седиште на Социјалистичка партија на Македонија, спрат 2, голема сала 12:00) Скопје – Во рамките на „Скопско лето“ ќе биде отворена јубилејната изложба - 110 години од раѓањето на Димче Коцо (1910 - 2020). (во просториите на Националната галерија, објектот Чифте амам /20:00) Скопје – Премиера на новата претстава од здружението Пресврт, насловена „Дневна доза мазохизам“. (МКЦ, сала „25 Мај“ /18:00) Скопје – Д-р   Мириам Гросман ќе одржи онлајн предавање на тема „Вистината за родот“ (дел 1 и дел 2), во организација на Здружението за заштита на човекови права „Од нас за нас“ Скопје и граѓанската иницијатива „Преземи одговорност“. (19:30) Љубљана – Отворање на изложбата „Реализирајте! Спротивставете се! Реагирајте! Перформанс и политика во 1990-те во пост-југословенскиот контекст“ каде кураторки од Северна Македонија се Ивана Васева и Биљана Тануровска – Ќулавковски. (Музејот на современа уметност Метелкова) Скопје – Промоција на книгата, „4х9“ драмата „9“ објавена на 4 јазици (македонски, руски, српски и бугарски)  од Гоце Ристовски. (во паркот пред КИЦ /19) Теарце – Отворање на мобилната библиотека „READ on wheels“ во рамките на регионалниот проект Регионална Мрежа за Културна Разновидност – РЕАД поддржан од Европската Унија. Лученец – Изложба за Северна Македонија во градот Лученец, Словачка. __________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан