• четврток, 04 јули 2024
МИА Најави – МКД
12 мај 2020 Скопје - Лидерска средба на која се поканети претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи. (Кабинет на Претседателот, „Вила Водно“/13:00, за следење на изјавите на претседателите на политичките партии по завршувањето на средбата медиумските екипи да пристигнат пред „Вила Водно“ во 14:00) Скопје - Предавање на заштитен здравствен материјал на Црвениот крст на Република Северна Македонија од страна на Здружението на Турската црвена полумесечина.(Меѓународен аеродром Скопје/10:30) Скопје - Меѓународна недела на сестринството – Ден на медицинските сестри.  (Свечена онлајн академија/12:00) Скопје - Македонскиот уметник и хуманист Живко Поповски – Цветин, Црвениот крст на Град Скопје и Лајонс Дистрикт 132 ќе го одбележат Светскиот ден на сестринството со изложба „Цвеќе на хуманоста за медицинските сестри“. (пред зградата на ул. „Рузвелтова“ бр. 4, Капиштец/10:00) ______________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан