• четврток, 09 мај 2024

МИА Најави – МКД

МИА Најави – МКД
4 февруари 2021  Скопје - Делегација на Собранието, предводена од потпретседателот Горан Мисовски и пратеничките Снежана Калеска-Ванчева и Велика Стојкова-Серафимовска, по повод 149-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“. (9:30) Скопје - Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Италија ќе се сретне со италијанскиот амбасадор, Андреа Силвестри. (сала на Уставна комисија/11:30) Скопје – Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (сала 6/10:30) Скопје – Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика. (сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (сала 6/12:00) Скопје - Прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. (пренос во живо преку линковите: Прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на македонски јазик Прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на албански јазик/11:30) Гевгелија - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на АД за Стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски ќе извршат увид во изградба на станбена зграда наменета за ранливи категории граѓани во Гевгелија. (изјави за медиумите пред станбената зграда/11:30) Скопје – Одбележување на Глобалниот ден на изборите со кратка презентација по повод 15-годишнината од формирањето на Државната изборна комисија како професионално тело. (на официјалниот YouTube канал на ДИК/11:00) Скопје – Прес-конференција на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски. (Голема сала на Советот на Кисела Вода/11:00) Скопје – Прес-конференција на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ. (сала за состаноци на Советот на Општина Центар, барака 6/11:00) Скопје - Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ќе ја посети градинката „Мајски цвет“, во населбата „Тафталиџе“ 2. (ул. „Женевска“ бр. 4, до ООУ „Братство“/10:30) Скопје – Онлајн промоција на сликовницата „Денеска ти нема да играш“ насочена кон булингот. (на фејсбук-страницата на „Литература.мк“/19:00) Скопје – „Фанфари за еден пријател“ - концерт посветен на Саша Николовски –Ѓумар. (Филхармонија/20:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан