• среда, 15 мај 2024
МИА Најави – МКД
29 септември 2021 Скопје – Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија ќе биде домаќин на Работната група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11), која ќе ја одржи деветтата сесија на тема „Предизвици во програмирањето и реализацијата на програмата ИПАРД III (2021 – 2027)“. (на платформата ZOOM, https://us02web.zoom.us/w/82794295493?tk=d3AZmtiTHS7oU5GEW2Bb2rvPFIPGH7e8P9bGSUABP70.DQMAAAATRuywxRZDdGJHNlowM1I1MjB4TGlPT0Izd3FnAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAA&pwd=aU4yVTEvVkRWUVBaZnJaN1A3d3lEQT09/  9:30-12:30) Скопје – Прес-конференција на Стопанската комора на Северна Македонија на тема: „Презентирање на програмите во рамките на новоформираниот Совет за унапредување на високото образование“. (во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, сала 1, кат 5 или на платформата ZOOM, https://us02web.zoom.us/j/83288913260?pwd=ZnpYc3ZNK2Mxb1BhZ1JTc25wT081Zz09  /11:00) Скопје – Македонскиот центар за меѓународна соработка организира дебата со наслов „30 години граѓанско општество“. (х. „Александар Палас“ и на платформата ZOOM/ 12:00) Скопје – Македонското здружение на млади правници и Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе одржат завршен настан на проектот „Елиминација на тортура и нечовечко постапување во затворите и другите установи за лишување од слобода”. (х. „DoubleTree by Hilton“/ 10:50) Кочани – Земјоделскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – одделението во Кочани и опитните полиња во кругот на зградата ќе се одржи настан на отворено - Презентација на проектни активности за квалитетно семепроизводство и подобрена отпорност на климатските промени. (11:00) Скопје – Републичкото здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „T’га за југ“ по повод  „72 години од завршувањето на Граѓанската војна 1949-2021“ организира настан на кој ќе настапат наградените ученици добитници на специјалната награда „Ѓорѓи Доневски“. (во паркот „Жена борец“, пред споменикот на децата бегалци/ 10:00) Скопје - Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и претставници на „Скопски Пазар“ ќе пуштат во употреба 220 нови паркинг-места во Бит-пазар. (11:00) Скопје – Меѓународна изложба со наслов „Гледај тука сум без простор“ (See me moving placeless) со дела од најрепрезентативни уметници од Југоисточна Европа. (Музеј на современа уметност“/ 20:00) Скопје – Седма  меѓународна  конференција  „Запознај,  види  направи!“ (Meet, See, Do) на Балканската музејска мрежа. (НУ Музеј на македонската борба за самостојност/ 10:30) Скопје – Промоција на книгата  „Ута од планините“ од  Тефта Кељменди и илустраторката Катерина Николовска. (во паркот пред КИЦ/ 18:00) Скопје – Изложба на македонска еколошка мода и дизајн „Slowscapes“ 4. (КСП „Центар - Јадро“ на ул. „Алберт Ајнштајн“, бр. 2 во Дебар маало/ 12:00-20:00) Скопје – Прес-конференција на организаторите на Виз Ер Скопски маратон. (на терасата на х. „Парк и Спа“/ 11:00) Локални избори 2021 Скопје – Прес-конференција на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) во врска со локалните избори 2021 година. (во просториите на ДКСК, на ул. „Пресвета Богородица“ бр. 3/ 11:00) Демир Капија/Неготино/Кавадарци – Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изборната кампања „Создади нова иднина!“ ќе ја претстави во повеќе населени места. (Демир Капија, Градски плоштад/ 17:00; Неготино, Градски плоштад/ 18:30 и Кавадарци, Плоштад Кавадарци/ 20:30) Скопје – Прес-конференција на независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска. (во граѓанскиот штаб на улица „Македонија“, до „Пеко“/ 11:00) Скопје – Изјава на Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на СДСМ и коалицијата за општина Аеродром. (пред ТЦ „Бисер“/ 11:00) Скопје – Јавно претставување на кандидатите и на Локалната развојна платформа ИНВЕСТРА 2021 на ИНТЕГРА Македонската конзервативна партија. (Градски парк, „Школка“/ 11:55) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан