
6 aприл 2021
Анкара - Претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во посета на Турција.
Исламабад - Дводневна посета на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Пакистан.
Виена - Почеток на разговорите меѓу потписниците на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, паралелно со разговорите со САД.
Париз - Прес-конференција во пресрет на објавувањето на годишниот извештај на организацијата за човекови права Амнести Интернешнл.
Вашингтон - Меѓународниот монетарен фонд ќе објави прогноза за состојбата на светската економија.
Триполи - Посети на Либија на премиерите на Грција и Италија, Киријакос Мицотакис и Марио Драги.