МИА Најави - свет
- Шест месеци откако Светската здравствена организација прогласи пандемија на болеста Ковид-19.

11 Септември 2020
Женева – Се навршуваат шест месеци откако Светската здравствена организација прогласи пандемија на болеста Ковид-19.
Берлин – Средба на претседателите на Германија и Хрватска, Франк-Валтер Штајнмаер и Зоран Милановиќ.
Берлин – Почнува дводневен неформален состанок на министрите за економија и финансии на ЕУ.
Лублин, Полска – Состанок на премиерите на Чешка, Унгарија, Полска и Словачка.
Шенксвил, Пенсилванија, САД – Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот демократски ривал Џо Бајден на комеморација по повод 19-годишнината од терористичките напади на САД на 11 септември 2001 година.