• недела, 19 мај 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет
23 мај 2022 Пекинг - Високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бачеле е во посета на Кина до 28 мај. Сочи - Рускиот претседател Владимир Путин ќе има средба со белорускиот колега Александар Лукашенко. Давос - Украинскиот претседател Володимир Зеленски учествува на Светскиот економски форум, преку видео врска Киев - Изрекување на пресудата на судењето на Вадим Шишимарин, првиот руски војник обвинет за воени злосторства за време на инвазијата на Украина, кој за време на судењето се изјасни за виновен за убиство на невооружен цивил. Брисел - Состанок на министрите за европски прашања од земјите-членки на Европската унија. Брисел - Состанок на министрите за економија и финансии на земјите од еврозоната. Вашингтон - Укинување на имиграциските ограничувања во САД воведени на почетокот на пандемијата на коронавирусот. Џакарта - Српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ ја започнува дводневната посета на Индонезија.

Остани поврзан