МИА Најави МКД
- 17 октомври 2020
17 октомври 2020
Скопје - Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров ќе одржи прес-конференција по повод мандатното писмо во кое што е содржана мисијата и задачите на Секретаријатот за европски прашања. (нови простории на СЕП, кеј „Пресвета Богородица“ бр.3/12:00, пристигнување на новинарски екипи најдоцна до 11:45 часот)
Штип - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов ќе извршат увид во изградба на експресниот пат Штип-Радовиш. (изјави за медиуми на експресниот пат Штип-Радовиш, клучка Неготино/10:30)
Скопје - Фестивал „Ден на граѓанските организации“ во организација на Цивика мобилитас (Градски парк, Школка/10:00):
-Дебата „Граѓанските организации во поддршка на одговорот на државата на предизвикот Ковид-19“ во организација на Цивика мобилитас. (Школка/12:10)
Скопје - „Finance Think“ организира онлајн брифинг со новинари по повод Меѓународниот ден на искоренување на сиромаштијата. (10:00)
Скопје - Донаторска акција „Нахрани 10.000“ по повод „Неделата на солидарноста“ во организација на Мрежата „Сите сити“. (10:00)
Скопје - „Школа за кореографија“ во организација на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата.
Скопје - Промоција на збирка поезија „Аптека“ од Ивана Харикли. (МКЦ, хол/20:00)
Скопје - Концерт насловен С2Е1. (Музеј на македонската борба/18:00)
__________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***