• сабота, 06 јули 2024
МИА Најави МКД
9 мај 2021  Скопје - Делегација на Собранието, предводена од потпретседателот Горан Мисовски, во состав Снежана Калеска-Ванчева и Бети Стаменковска-Трајкоска, по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот, ќе положи цвеќе на Партизанските гробишта. (Градски гробишта Бутел/8:30) Скопје - Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир ќе ја посетат канцеларијата на Еко Пошта корисник на проектот ЕУзаОтпорност. (Паркинг зад Универзална сала, во непосредна близина на просториите на Еко Пошта, изјави за медиуми9:45) Скопје - Панел дискусија на тема „Дваесет години по потпишувањето на Рамковниот договор: Република Северна Македонија и патот кон Европската унија“ во организација на Центарот за европски истражувања и анализи ЕУРОПРОСПЕРА.  (Просториите на МладиХаб, ул. „Димитрие Чуповски“ 7/10:00) Куманово - Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски ќе го промовираат проектот „Уредување и валоризација на спортско рекреативен еко-центар Бислим“. (Бислимска клисура /10:45) Прилеп - ВМРО-ДПМНЕ организира настан по повод Денот на победата над фашизмот на Могила на непобедените во Прилеп, на кој обраќање ќе имаат лидерот на партијата Христијан Мицкоски и претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев“, Александар Пандов. (12:00)

Скопје - Прес-конференција на правната одбрана на Јордан Камчев. отел Ибис/13:00)

Скопје - Планинарски марш на Водно по повод денот на Европа во организација на Европското движење во Република Северна Македонија. (Пред Европска унија, изјави за медиуми/9:00)

Скопје - Здружението на граѓани Еко Логик организира Вело родео настани кои се одржуваат во рамки на редовните активности на програмата „Вело Училишта‘‘. (Градски парк кај Школка/11:00, Вратница/10:05, Чешиново Облешево/11:05)

Скопје - Онлајн квиз на знаење за ЕУ.( https://www.facebook.com/EuropeanMovementEMMK/14:00) Скопје - Трето издание на Фјужн Фестивал. (СЦ „Борис Трајковски,  Youtube и Twitch каналите на фестивалот и на официјалната Facebook странa/20:00) __________________________________________________________________   ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан