• недела, 29 септември 2024
МИА Најави МКД
14 мај 2021  Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе се сретне со главниот преговарач за пристапување на Република Албанија во ЕУ, Зеф Мази. (Сала „Длаборез“/ 12:00) Скопје - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе се сретне со главниот ЕУ преговарач на Република Албанија, Зеф Мази. - Прес-конференција на Османи и Мази. (хол на МНР/10:45) Криволак - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски ќе учествуваат на средба со новинари за претстојната вежба „Одлучен удар 21“. (Полигон Криволак/11:00, изјави за медиуми по брифингот, пристигнување на медиумите пред АП „Криволак“/ 10:30) Битола - Министерот за земјоделство, шумарство и водостпанство Арјанит Хоџа, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска ќе ги презентираат роконструираните простории на подрачните единици на Министерството и на Агенцијата во Битола. (11:00, изјави за медиумите пред старата општинска зграда, простории на МЗШВ и АХВ /11:15) - Бабовски и Петровска ќе го посетат обновениот градски пазар во Битола (изјави за медиумите во 11:30). Скопје - Научно-стручна трибина на тема „Предизвиците на семејствата во РС Македонија за време на пандемијата со  Ковид-19 во организација на Институтот за семејни студии при Филозофскиот факултет. (https://teams.microsoft.com/l/meetupjoin/19%3a41eefb13f852432b8933baf6a5663526%40thread.tacv2/1620636978685?context=%7b%22Tid%22%3a%22c7604dcf-ecca-4b5d-8c c2c81ad2ca5b%22%2c%22Oid%22%3a%220bc4b1b2-2295-429d-83b5-62b8b4ae0b03%22%7d/ 10:30) Скопје - Акција за помош #СтоимеЗаедно! #WeStandTogether! #Qëndrojmësëbashku! во организација на Банка за храна. (Простории на Логистичкиот центар на Тинекс – место викано Чојлија, во близина на Меѓународниот аеродром Скопје/ 11:00) Скопје - Саем за креативни искуства и размисли насловен „Добро утро креативци“ во организација на  Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“. (Центар за иновации и дизајн „Јавна соба“/ 19:00) Скопје - Разговор со писателката Весна Лемаиќ во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“  (Кафе-книжарницата „Буква“/ 19:15) Скопје - Скала Магазин ќе го промовира својот прв печатен број во рамки на Саемот за размена на креативни искуства и размисли „Добро утро креативци“.(„Јавна соба“, летна тераса/ 15:00) Скопје - Со проекција на документарниот филм „Форте“ од програмата на фестивалот „Вечери на женски права“ на режисерот Дејвид Донели ќе започне летното кино под отворено небо „Мирно лето“. (Двор на Кинотеката/ 20:30) Скопје - Отворање на изложбата „Women about women“. (Мала станица) Скопје -  Концерт насловен „Музичко патување“ ќе се одржи во Филхармонија со солистите Здравко Ангелов (кларинет) и Илза Бафтиари (виола), под диригентство на маестро Конрад ван Алфен од Холандија. (20:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан