• недела, 22 декември 2024

МИА Најави - МКД

МИА Најави - МКД
8 февруари 2021 Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје - Посета на Собранието на Република Северна Македонија на Даниел Браун и Давор Пашковски од Фондацијата Конрад Аденауер, при што ќе имаат средба со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. (Уставна сала/14:00) Скопје - Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и директорката на Инспекторатот за животна средина, Ана Петровска ќе ја посетат локацијата во Долно Коњаре, кадешто се врши ископ на песок и чакал. (изјави за медиуми во 11 часот) Скопје - Прес-конференција на заменик – командантот на американските сили во Европа, генерал-мајор Џозеф Џерард и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. (МО/12:00/заради процедурите за влез и заштита во време на пандемија новинарите да пристигнат пред влезот на МО најдоцна до 11:50 часот)

Скопје - Министерот за надворешни и европски работи на Република Словачка, Иван Корчок во работна посета на Република Северна Македонија.

-Пристигнување пред главниот влез на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија (пречек од страна на МНР Османи, поздравување пред знамињата на двете држави за новинарите/9:45)

-Тет а тет средба меѓу министер за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи и министер за надворешни и европски работи на Република Словачка, Иван Корчок (09:50-10:00)

-Билатерална средба помеѓу делегациите на Министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Словачка (10:05-10:35)

-Прес Конференција на Бујар Османи и Иван Корчок (хол на МНР/10:40-11:00)

Скопје - Примопредавање на медицински вентилатори од НАТО Доверителниот фонд за одговор на пандемија (NATO Pandemic Response Trust Fund - PRTF), како донација од Совак еид (Slovak Aid), во рамки на посетата на Корчок на Скопје, на кое ќе присустуваат вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за здравство Венко Филипче. (Меѓународен аеродром Скопје/13:00/по настанот предвидени изјави за медиуми) СкопјеДелегација од Министерството за економија предводена од министерот Крешник Бектеши денеска и утре во официјална посета на Република Турција. Скопје - Промоција на два истражувачки трудови на тема „Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија“ (2014 – 2020)  и  „Политички тобоган – Година исполнета со пресврти за Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија“ на Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Институтот за демократија. (Зум платформата/10:00)  Скопје - Онлајн прес-конференција на Стопанската комора на Македонија на тема „Промената за законот за игри на среќа - негативни ефекти по стопанството и буџетот“, на која ќе присустува Васко Илиевски, претставник на Групацијата на спортски обложувалници при СКМ. (https://mchamber.webex.com/mchamber/j.php?MTID=mf639b3def839b8be9bb105cd2894a126/11:00) Скопје -   Премиерно прикажување на краткиот филм „Ротаријански подарок на културата“, во заедничка соработка на македонскиот и словенечкиот Ротари клуб, во чест на 8 Февруари, Денот на Прешерн. (www.rotaryslovenija.org/18:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан