• среда, 15 мај 2024
МИА Најави МКД
18 март 2022 
Скопје - Министерот за внатрешни работи на Словенија  Алеш Хојс во посета на Министерството за внатрешни работи. (МВР, снимање инсерти од официјалниот пречек/10:30, од работниот состанок на двете делегации/10:45, пристигнување на снимателите/10:15)
- Министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски и Алеш Хојс по работната средба ќе потпишат Имплементациски договор помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Словенија за борба против трговија со луѓе. (Клуб на пратеници/11:20, изјави за медиуми по потпишувањето)
Скопје - Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски ќе оствари средба со унгарскиот амбасадор во државава Ласло Иштван Дукс. (Собрание, Кабинет бр.161/11:00)
Скопје - Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе ја одржи 11-та седница.(АВМУ, конференциска сала-2 кат и YouTube каналот на Агенцијата/13:00) 
Скопје - Земјоделскиот институт-Скопје организира научна конференција посветена на македонската автохтона винска сорта Станушина насловена „Станушина - неоткриена македонска винска приказна“. (М6 Едукативен Центар/10.30)
Скопје - Отворање на новиот центар за развој на технологија на HTEC Group. (TCC Grand Plaza, бул. „8 Септември“ бр.2, кат 7/12:00)
Скопје - Во рамки на проектот „Премостување на јазок кај вештините за создавање нови и подобри работни места“ поддржан од Британската Амбасада, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе одржи еднодневна медиа работилница.
 Битола - Прес-конференција за премиера на театарската претстава „Малиџано“. (Центар за култура, мала сала/11:00)
Скопје - Презентација на списанието КИНОПИС - списание за историја, теорија и култура на филмот и другите уметности. (Кинотека/12:00)
Скопје - Отворање на изложбата „Париски рефлексии“ по повод одбележување на Меѓународниот ден на Франкофонијата. (Чифте амам/12:00)
Скопје - Отворање на изложбата „ПУКНАТИНИ / ТРАНСФОРМАЦИИ“ на Благојче Наумоски - Бане. (МКЦ/20:00)
Скопје - Изведба на оперската претстава „Лучија од Ламермур“ од Гаетано Доницети. (Национална опера и балет/20:00)
_______________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан