• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави - МКД
6 септември 2021 Скопје - Премиерот Зоран Заев, ќе се обрати на промоција на нова поштенска марка, по повод 8-ми Септември, 30 години независност на Република Северна Македонија. (Дирекција на АД Пошта/главна шалтер сала од страна на Кеј/10:00). Скопје - Премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими ќе се обратат на отворањето на Првата годишна конференција што ја организира Министерството за финансии на тема „Економско заздравување и раст по Ковид“, на настанот ќе присуствува и Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби. (х. Хилтон/12:00) Куманово - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го посети  реновираниот објект на СВР Куманово во Куманово по што е предвидена изјава за медиумите. (10:30) Скопје - Изјава на министерот за здравство Венко Филипче пред вакциналниот пункт сместен во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. (10:00)  Ватикан - Министерот за надворешни работи Бујар Османи во посета на Ватикан по повод централното одбележување на јубилејот пет години канонизација на Мајка Тереза во организација на Министерството за надворешни работи и Светата столица. Скопје - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети ќе извршат увид во изградба на водовод за н.м Рашче. (изјави за медиуми/10:00, медиуми најдоцна до 09:45) Скопје - Агенцијата за филм и продукцијата Дрим Фектори организираат средба со новинари по повод влезот во официјалната селекција и светската премиера на филмот „Вера сонува за морето“ на режисерката Калтрина Красниќи на Интернационалниот филмски фестивал во Венеција. (МКЦ/11:00) ______________________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан