• четврток, 21 ноември 2024
МИА  Најави МКД
7 мај 2020 Скопје - Oдбележувањето на 7 мај - Денот на македонската полиција - Положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на загинатите бранители (Круг на МВР пред зграда бр.1 / 9:45) - Церемонија на која ќе се обрати министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, показни вежби од единиците на МВР и доделување плакати за посебен придонес и заложба за вработени во МВР и плакати за благодарност до претставници на дипломатскиот кор. (полициски центар „Ѓорче Петров“ / 11:30;  Линк за следење на церемонијата: https://www.youtube.com/channel/UCLgINcL3FUs2ky2pQiFDpBw/featured) Скопје - Дигитална прес-конференција организирана од Светската здравствена организација (СЗО), на која ќе се обрати д-р Ханс Клуге, регионален директор за Европа на СЗО, заедно со технички експерти од организацијата. (Фејсбук профил на СЗО Европа/11:00) Скопје -  Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Владата на Република Северна Македонија, Музафер Бајрам и  координаторот на ТИКА (Турска агенција за соработка и координација) Ајтекин Ајден ќе поделат рамазански пакети.(Општина Шуто Оризари ул.„Вашингтонска ББ, последна станица на линија 19 / спортски терен /13:30-14:30) Скопје - Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски и амбасадорот на Словачка Хенрик Маркуш ќе го означат почетокот на проектот за делење на 3 000 маски за заштита на здравјето од вирусот Ковид-19. (Пред  Поликлиника во нас. Драчево, ул. „Живко Фирфов“/9:45) Скопје - Онлајн панел-дискусија на тема „Општествата во време на кризи: причини и последици“ во организација на Европско движење (ЕММК) и Делегацијата на Европската Унија во РС Македонија. (www.facebook.com/EuropeanMovementEMMK/11:00) Скопје - Прес-конференција на Секцијата на пензионери припадници на полицијата од Независен синдикат на полицијата. (Пред Владата /10:30) Скопје - Онлајн брифинг со новинари за економските прогнози на Европската комисија за 2020 и ефектот од корона вирусот врз економскиот раст со шефот на одделот за економски прашања на ЕУ-делегацијата Фрек Јанмаат. (11:00) Скопје - Советникот за ромски прашања на премиерот на Владата на Република Северна Македонија Неџдет Мустафа и Ајтекин Ајден координатор на ТИКА (Турска агенција за соработка и координација) ќе поделат рамазански пакети. (Општина Шуто Оризари – Џамија Билал Хабеши до Општинската зграда/14:30-15:00) Скопје - Панел дебата „Туризмот на респиратор“, во рамки на меѓународната онлајн конференција „EXIT strategy“. (фејсбук страница на ЕГЗИТ Фестивал/18:00) Скопје - Конференција на тема „Зелена економија за излез од корона кризата“ во организација на Зелен институт и ДОМ.  (е-платформа Зум (Zoom room)/12:00-13:30) Скопје - Ромска асоцијација за жени и млади „Лулуди“  ќе одржи онлајн предавање на тема „КОВИД-19 и родовата еднаквост“. (Платформа Zoom/16:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  

Остани поврзан