• недела, 17 ноември 2024
МИА Најави МКД
17 ноември 2022
Скопје - Собранието на Република Северна Македонија треба да продолжи 79. седница. (12:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала 4/11:00)
Скопје - Членови на Граѓанскиот сектор во посета на Собранието. (Сала 6/11:00)
Скопје - Средба на Клубот за младински прашања и политики со Универзитетското студентско собрание. (Сала на Уставна комисија/13:00)
Белград - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќ ќе учествуваат на Конференција за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан, во организација на претседателот на Србија Александар Вучиќ и Амбасадата на Кралството Норвешка.

Скопје - Министерството за информатичко општество и администрација ќе одржи конференција во врска со реорганизацијата на министерските системи за информатичко општество и администрација, економија и земјоделство, шумарство и водостопанство. (х.„Александар Палас“/10:00) 

Скопје - Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ ќе се обрати на панел дискусијата „Зелена агенда-Обновливи ресурси, македонска храна, европски пазари“ посветена на годишниот Извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2022 година „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности". (х.„Лимак“/10:30, изјави за медиуми/11:50-12:10)

Скопје - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ќе ја отвори конференцијата  „Нови форми на вработување на променливиот пазар на трудот“, во организација на Меѓународната организација на трудот, Здружението за трудово и социјално право и Импакт фондацијата. (х.„Холидеј ин“/9:00)

Скопје - Втор самит за женско претприемништво „Инспиративна иднина“ во организација на Национална платформа за женско претприемништво. (Рагуза 360-Rooftop/10:00) Скопје - Панел дискусија во организација на Лулка по повод одбележување на Светскиот ден на предвременото породување 17. Ноември. (х.„Мериот“/, изјави за медиуми/14:00) Скопје - Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија по 19. пат ќе го одбележат Светскиот ден на филозофијата. (Филозофски факултет/10:00, втората сесија од симпозиумот ќе може да се следи и преку Zoom-платформата https://us06web.zoom.us/j/82180947752?pwd=cm5MTy9UYmlMODVoV1pZQkRCL2toUT09/15:30-17:30) Тетово - На Универзитетот во Тетово свечено ќе биде отворена Истражувачка лабораторија за психологија. (Филозофски факултет на УТ/11:00)  Скопје - Марш на универзитетските студентски собранија при УКИМ, Штуловиот универзитет, ФОН, Американ колеџ, ФОП, универзитетите од Битола и Штип и движењето „Студентски отпор“. (од Влада до МОН/17:30)
Скопје - Меѓународен форум „50 години Конвенција за светско наследство на УНЕСКО: Меѓународни стандарди во национален контекст“ во организација на ИКОМОС Македонија.(Europe House/11:00 и виртуелно преку платформата ZOOM)
Скопје - Конференција на тема „Игрификација - можност или пречка во образованието“ во организација на Здружението Лидери за едукација, активизам и развој. (Јавна Соба/13:30)
Битола - Прес-конференција за Фестивалот на Музика од светот. (Центар за култура/11:00) Скопје - Прес-конференција по повод најновата балетска продукција на Националната опера и балет, „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев. (Национална опера и балет, фоаје/11:00) Скопје - Отворање на изложбата „Од семејно кон институционално културно наследство - семејство Шабан“. (Музеј на македонската борба за самостојност/19:00) Скопје - Изложба „Дозволи да летне ко’пиле“ на Сокол Марковски. (НУ Музеј на Република Северна Македонија/19:30) Скопје - Отворање на изложбата - аудио-визуелна инсталација на слики „Mелек“ од Адем Салиу. (КИЦ, Салон Империјал 2/19:00) Скопје - Концерт на „Пијано трио“. (КИЦ/20:00) Скопје - Премиера на претставата ,,Илуминати“ во Театар Комедија. Скопје - Агенцијата за млади и спорт ќе одржи прес-конференција по повод 51-то издание на „Златен гонг". (простории на АМС/11:00) ________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***   

Остани поврзан