• четврток, 21 ноември 2024
МИА Најави МКД
2 ноември 2022  Скопје - Собранието треба да ја продолжи 88. седница. (12:00) Скопје - Државна министерка за Европа на германската сојузна покраина Хесен, Луција Путрих во посета на Северна Македонија. - Средба со членовите на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала на Уставна комисија/9:00-9:45) - Средба со членовите на пратеничката група за соработка со германскиот Бундестаг. (Сала на Уставна комисија/9:45-10:30) Скопје - Седница на Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 4/11:00) Скопје - Панел дискусија на тема „Младински политики - потреби, можности и предизвици“ на која ќе се обратат вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, директорот на агенција за млади и спорт Наумче Мојсоски и постојаниот претставник на УНДП во земјава Армен Григорјан. (Клуб на пратеници/11:00)  Кичево - Министерот за економија Крешник Бектеши и генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски во посета на РЕК Осломеј - Кичево. (Обиколка на термоелектраната по што ќе следи посета на ископ во ново рудно наоѓалиште во рамките на РЕК Осломеј/13:00, изјави за медиуми/14:00) Скопје - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и амбасадорот на делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија Дејвид Гир ќе се обратат по повод премиерата на документарниот филм „Беласица“ подговен во рамките на проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“. (Кинотека/18:00) Скопје - Македонско-германски форум на тема „Европската економија под стрес по руската инвазија во Украина“ во организација на фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија. (Ресторан Рагуза 360 Rooftop, ул. Св. Кирил и Методиј 1/14:00) Охрид - Почнува дводневниот „Ohrid Blue Economy Summit“ (Јуник ресорт/15:00) Скопје - Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ќе одржат прес-конференција. (Пред Собрание на РСМ, страничен влез спроти АРМ/10:00) Велес - Прес-конференција на локалните закупци во Велес. (ул. „8 Септември“ бр.86/12:00) Гевгелија - Одбележување 50 години творештво на Васил Тоциновски во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ - Гевгелија. (Народен театар/19:30)

Скопје - Групна изложба „Мал формат“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. (КИЦ, Салон Империјал 1/20:00)

Битола - Изложба на костими и фотографии „Опера, драма, балет“. (Офицерски дом/20:00)

Скопје - Концерт на фестивалот „Скупи Камерфест“ во организација на здружението „Муза“ - Скопје. (Музеј на македонската борба/19.30) Скопје - Настап на два врвни камерни оркестри „Профундис“ од Македонија и „13 Гудачи“ од Србија со познатата виолинистка Ирина Мурезану. (Македонска филхармонија, голема сала/20:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан