• недела, 19 мај 2024
МИА Најави МКД
14 ноември 2022  Скопје -  Собранието ќе ја одржи 92. седница. (11:00) Скопје – Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје – Седница на Комисијата за труд и социјална политика. (Собрание, сала 4/11:00) Скопје – Седница на Законодавно-правната комисија на Собранието. (Сала 6/13:00) Скопје – Посета на претседателката и генералниот секретар на ПС ОБСЕ, Маргарета Седерфелд и Роберто Монтела на Собранието. (Собрание, сала „Длаборез“/15:00) Скопје - Меѓу владина седница помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Албанија. (Влада) Скопје - Официјално отворање на Глобалната недела на претприемништвото 2022. (Јавна соба/10:00) Скопје – Разговори на тема „Дуално високо образование – иднината на младите“, онлајн настан во рамките на Глобалната недела на претприемништво, реализирана од Стартап Македонија. (пренос во живо на Facebook или на линкот: https://fb.me/e/3CGHQ6r89 /20:00) Скопје - Онлајн дебата „Пост-ковид периодот и високата инфлација – ефекти врз стопанството и банките“, во организација на првата македонска банкарска академија - АБИТ под капата на Глобалната недела на претприемништво. (Пренос во живо на Facebook линк: https://fb.me/e/37XM14B03 од 16:30 до 18:00) Скопје – Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата. (Простории на ДКСК/11:00) Гостивар – Евроамбасадорот Дејвид Гир во посета на општина Гостивар. (Средба со градоначалникот Арбен Таравари/10:00, изјави за медиумите во 12:30 во зградата на општина Гостивар) Скопје - Тркалезна маса „Предизвиците за дијабетесот во Македонија – заедно еден со друг”. (Х. „Панорамика“/10:30) Скопје - Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК во рамки на годинашните програмски активности ќе го одбележи 14 ноември – Светскиот ден на дијабетесот. (Објект на „Мала Станица“/19:00) Скопје - Конференција „Нови модели и пристапи за унапредување на ветеринарната медицина” по повод 30 години Факултет за ветеринарна медицина-Скопје. (Факултет за ветеринарна медицина, Амфитеатар 1 во зграда број 1/10:00, изјави за медиумите/9:45) Штип – Потпишување меморандум за соработка меѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ и Здружението „Донирај компјутер“. (Ректорат на УГД/12:00) Охрид- Брифинг за меѓународната конференција „Објективот на младите за мир и помирување“. (Х. „Тино“, Свети Стефан/10:00) Скопје – Прес-конференција по повод премиерата и прикажувањето на филмот „Кајмак“ од Милчо Манчевски. (Филхармонија, мала сала/11:00) Скопје – Онлајн настан „Како можеме да се придвижиме? Еколошки перспективи во современиот танц“ во организација на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. (https://www.ednetwork.eu/activities/edn-conference2022 /10:00) Крива Паланка - Филмскиот фестивал за деца и млади „Џифони патува“ во Крива Паланка. (Центар за култура Крива Паланка) Битола - Изложба на театарски портрети од Кирил Гегоски. (Народен театар, фоаје/19:00) Битола - Музичко-сценски перформанс „За нашиот театар“. (Народен  театар, голема сцена „Благоја Стефановски-Баге“/20:00) Загреб – Претставување на мултимедијалниот проект „Ризом-X“ од авторките Вероника Камчевска и Ана Димчевска Семенпеева во соработка со аудио дизајнерот Горан Москов. (КИЦ на РСМ/19:00) __________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан