• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави МКД
19 мај 2020  Скопје - Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи заедно со министерот за здравство Венко Филипче и Хамад Јасим Ал- Махмуд, вршител на должност Амбасадор на Катар во земјава, ќе ја пречекаат донацијата - помош за справување со КОВИД 19 од Катар. (Меѓународен аеродром Скопје, пристигнување на донација/14:55,  по што ќе следат изјави за медиуми/пристигнување на медиумите најдоцна до 14:30) Скопје - Министерска видео - конференција во ко-организација на МНР Никола Димитров и на МНР на Грција, Никос Дендиас, со цел координација и унапредување на соработката на Министерствата за надворешни работи од земјите од Западен Балкан и земјите од ЕУ во непосредна близина на овој регион, во следната фаза од справување со социо-економските последици од пандемијата на Ковид -19. Скопје - Прес-конференција на министерот за економија Крешник Бектеши. (10:00/видео стрим во живо на македонски јазик, на албански јазик) Скопје - Градоначалникот Саша Богдановиќ и претставници од компанијата Clear Max ќе ги најават следните активности за дезинфекција и санитизација на детските душеци во сите градинки на територијата на Општина Центар. (ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“, ул.„Никола Тримпаре“ бр.17а/10:30)

Гостивар - Состанок на Меѓуопштинскиот кризен штаб - Гостивар. (сала на Совет на општина Гостивар/11:00)

Гостивар - Градоначалникот Арбен Таравари на претставниците на ИВЗ – Гостивар, ќе им ги врачи решенијата за легализација на верски објекти на територијата на Општина Гостивар, по што ќе одржи прес-конференција. (Простории на Општина Гостивар/12:00)

__________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан