• сабота, 18 мај 2024
МИА Најави МКД
14 јули 2021  Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала 6/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/12:00) Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала 6/13:00) Скопје - Претседателот на Владата Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ќе се обратат на промоција на дигиталната апликација –аудио читач, симболично наречен „Кико“, наменет за слепи лица и лица со оштетен вид. (Тераса на Музеј на современа уметност/10:00) Куманово - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска ќе го посетат граничниот премин Табановце во рамки на кампањата ,,Вози одморен“.(Изјави за медиуми/10:00)

Скопје - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе се обрати на стручната дебата во врска со новиот Закон за градење, во организација на Друштвото за патишта на Македонија. (х.„Хилтон“/10:00)

Скопје - Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, в.д. директорот на новото јавно претпријатие Владимир Стевков, проф. д-р Илија Насов со „Хибридни фотоволтаични термални системи“ и Наталија Бургиева со проект за управување со органски отпад ќе се обратат на промоцијата на Јавното претпријатие за развојни проекти на Општина Аеродром. (х.„Хилтон“/10:00) Скопје - Прес-конференција на која ќе биде претставена програмата на годинешната „Галичка свадба“. (р. „Маџо 2.0“, ул. „Михаил Цоков“, бр. 8а спроти фонтаната во Градски парк/10:30, пристигнување на медиумите/10:15) Скопје - Амбасадорот на Република Турција во Скопје Н.Е. Хасан Мехмет Секизќок ќе одржи прес-конференција. (Резиденција на Амбасадата на Република Турција, ул. „Салвадор Аљенде“ бб, Олимписко село, Водно/10:00) Скопје - Граѓанската коалиција ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД ќе одржи прес-конференција. (Пред влезот на објектот на Град Скопје во Градски парк/10:00) Скопје - Прес-конференција на пратеникот Борислав Крмов ќе одржи. (Собрание на Република Македонија/11:30)

Битола - Прес-конференција на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“. (Центар за култура, мала сала/11:00)

Битола - Годишна изложба на Друштвото на ликовните уметници - Битола. (Културен центар „Магаза“/20:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Домашна работа“ на Кристина Божурска. (КСП Центро-Јадро/20:00) _________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан