• сабота, 11 мај 2024
МИА Најави МКД
20 април 2022 Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/ 11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за здравство. (Сала 6/ 12:30) Скопје - Седница Законодавно-правна комисија. (Сала 6/ 13:30) Скопје - Средба на Клубот за младински прашања и политики со млади лица со попреченост на тема „Предизвиците и потребите на младите со попреченост“. (Сала на Уставна комисија/ 11:00) Скопје - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и други членови на Владата и претставници на дипломатскиот кор во земјата ќе присуствуват на првата Оперативно - тактичка вежба „Пролет-22“ на која ќе биде претставена подготвеноста на полицијата при вршење на задачите од областа на безбедноста. (Во кругот на СЦ „Борис Трајковски“/ 13:00)

Велес - Министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе ја посетат фабриката за производство на масло за јадење „Прехранбена индустрија Кристал 1924 АД Велес“ (поранешна „Благој Ѓорев“). (Прехранбена индустрија Кристал 1924 АД Велес - Алексо Демниевски 18/ 10:00, изјави за медиуми пред влезот на управната зграда на фабриката/ 10:30)

Скопје - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во Северна Македонија, ќе го промовираат концептот за развивање на Регионални центри за стручно образование и обука, кој беше изготвен во соработка со УНДП. (Простории на Министерството за образование и наука, 8 спрат/ 10:00) Куманово - Министерот за здравство Беким Сали ќе ја посети Општата болница Куманово по повод реализираниот проект за гасификација на оваа јавна здравствена установа. (11:00, изјави за медиуми по обиколката на објектот пред Ургентниот центар на болницата)  Скопје - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ќе ја посети ЈОУДГ„ Орце Николов“- објект „Први стапки“ (на ул. „Карпошово востание“ бр.1, Општина Карпош), при што ќе биде направен увид во градежните работи на новиот објект- детска градинка веднаш до постоечкиот објект. (09:30, предвидени се изјави за медиуми на Тренчевска и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски) Скопје -  Седница на Уставниот суд. (Уставен суд/ 09:30) Охрид - Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски ќе се обрати на „2 Форум на директори на ветеринарните служби од земјите од Западен Балкан зa комуникација и соработка”. (х.„Јуник“, изјави за медиуми/11:00) Тетово - Општина Тетово во соработка со Министерството за труд и социјална политика oрганизира настан за информирање и директна поддршка на лица кои не поседуваат никаков документ за идентификација, согласно со новиот Закон за лица без документи за идентификација. (Сала на Совет на Општина Тетово/ 9:00) Скопје - Онлајн работилница „Како до подобро родово известување на медиумите во Македонија“ во организација на Институтот за комуникациски студии. (https://us06web.zoom.us/webinar/register/WN_EDaEBYaLQ2ihDKKKhKmzgA/11:00) Скопје - Прес-конференција на Платформата Операција Ослободување односно, Здружението на граѓани Билка, Здружението на граѓани ЗНАМ, ХОПС- Опции за здрав живот Скопје, Коалиција Маргини и Хелсиншки комитет за човекови права. (Кафе Бар Излет/11:00), по завршување на прес-конференцијата ќе се одржи промоција на монографијата „Конопот во Македонија” од Влатко Деков. (11:30) Скопје - Советот на Град Скопје ќе ја одржи 9-тата седница. (Фејсбук страна на Град Скопје/ 11:00) Скопје - Натпревар за најсилно јајце и велигденски детски работилници за најмладите. (Скопје Сити Мол, втори кат/16:30-20:30) Скопје - Наградата МЕНАДА за врвни остварувања во областа на танцот за 2022 на Танц Фест! ќе и биде доделена на Џенет Ајлбер, уметничка директорка на „Марта Греам танцова компанија“. (Македонски народен театар/20:00) Скопје - Филмска вечер од серијата германски филмови на тема „​Солидарност“ – „Внатрешната сигурност“ на режисерот Кристијан Пецолд. (Кинотека / 20:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***    

Остани поврзан