• петок, 04 октомври 2024
МИА Најави МКД
10 ноември 2022 Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања. (Сала 4/11:00) Скопје - Собраниската Законодавно-правна комисија ќе ги одржи 50-тата и 153-та седцниа. (Сала 6/13:30/13:45) Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за здравство Беким Сали ќе ја посетат Градската општа болница „8-ми Септември“ по повод отворањето на новиот дијагностички центар опремен со апарати за магнетна резонанца. (ГОБ „8-ми Септември“/10:00) Скопје - Министерот за правда Никола Тупанчески и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Клеменс Која ќе се обратат на отворањето на стручната расправа за предлогот на новиот Кривичен законик. (х.„Холидеј ин“/10:00) Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе одржи брифинг за медиуми. (Министерство за економија, сала 1 кат/11:00) Скопје - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по повод 25 години од своето постоење ќе одржи регионален регулаторен состанок. (АВМУ, 2 кат/10:00, изјави за медиумите по завршување на поздравните говори) Скопје - Прес - конференција на Здружението БИОМАК ЕНЕРЏИ - Национално здружение на производители и дистрибутери на продукти од биомаса. (х. Парк/11:00) Тетово - Прес - конференција на градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами по повод една година локална власт.  (Општина Тетово / 11:00) Скопје - Отворање на јубилејниот 10-ти Меѓународен научен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I". (Музеј на македонската борба и преку online платформата Zoom/11:00) Скопје - Одбележување на Светскиот ден на науката за мир и развој во организација на УКИМ. (аула на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“/13:00) Битола/Прилеп - По повод Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народна жалост  амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија ќе го одбележат споменот за сите мртви, ранети, изчезнати и раселени лица, за жртвите на насилство и ранети лица од сите војни и сите народи. (Француски воени гробишта во Битола/11:00, Германски воени гробишта во Прилеп13:00) Скопје - Отворање на нова гинеколошка акушерска ординација ПЗУ МАЈКА Б&M во склоп на Поликлиника Шуто Оризари. (Поликлиника Шуто Оризари/10:00) Скопје - Промоција на книгата „Бујрум ако смееш, прочитај ја тишината“ од Емељ Туна. (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Спомен-собата „Т’га за југ“/19:00) Скопје - Одбележување на Неделата на италијанската кујна. (Ресторан Bella Vista во EAST GATE MALL/19:00)  Скопје - Премиера на претставата за деца „Јас сум Акико“. (КИЦ, Салон 19:19/19.19) Скопје - Со претствата „Кислород“ на Народниот театар од Битола започнува 47. Меѓународен театарски фестивал МОТ 2022. (МКЦ, Сала 25 Мај/20:00) Скопје - Концерт на Оркестарот на Филхармонија насловен „Вида“ на кој како солист ќе настапи виолинистот Владимир Костов. (Филхармонија/20:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан