• сабота, 21 декември 2024
МИА Најави - МКД
18 октомври 2020  Дебар - Одбележувањето на милениумски јубилеј „1000 години Бигорски манастир“ ќе започне со Божествена архијерејска Литургија, со којашто ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА, а по завршетокот на Литургијата, со пригодно слово кон присутните, освен Архиепископот г. г. Стефан, ќе се обрати и покровителот на прославата, Претседателот на државата Стево Пендаровски.(во дворот на манастирот/9:00, Bigorski YouTube Channel: https://www.youtube.com/channel /UCwwtXfHHTRWPcc8L0I6MMPg, Facebook: https://www.facebook.com/bigorski.manastir/ Скопје - Државната секретарка во Министерството за внатрешни работи и национална координаторка за борба против трговија со луѓе Магдалена Несторовска по повод одбележувањето на „Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе“ ќе се обрати на онлајн настан. (Преку платформата Bluejeans, ID: 4213121003 или со користење на пребарувач: https://coe.bluejeans.com/4213121003 /11:00)
________________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан