• среда, 08 мај 2024
МИА Најави МКД
26 септември 2022 Скопје - Седница на Комисијата за европски прашања. (Собрание на РСМ, Сала 10, 11:30) Скопје - Посета на францускиот амбасадор Сирил Бомгертнер. (Собрание на РСМ, Сала на Влада/11:00) Загреб - Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи ќе присуствува и ќе се обрати на Бизнис форум со Стопански комори на Република Северна Македонија и Република Хрватска. Скопје - Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со абасадорот на Италија, Андреа Силвестри ќе извршат примопредавање на униформите и опремата, донација за Шумската полицијата од Италијанските Карабинери. (Касарната Ѓорче Петров (база на ЕБР)/12:00, изјави по примопредавањето) Струга - Меѓународна научна конференција на тема „45 години високо образование во областа на безбедноста - образовни предизвици и перспективи за безбедноста" во организација на Факултетот за безбедност Скопје (Хотел Дрим/17:00) Скопје – Прес-конференција на Стопанската комора на Северна Македонија на тема „Туризмот во функција на интензивен економски раст“. (Стопанска комора на Северна Македонија, 5 кат, сала 1/11:00) Скопје -  Презентација на извештајот „Дијагностика на трговската конкуретност и ефективноста на државната помош во Северна Македонија“ во организација на Светска банка. (Хотел Мариот, Ballroom 1 сала/15:00) Скопје - Презентација на трудот: „Анализа на читливоста, темите и тонот на соопштенијата за јавноста за монетарната политика на Народната банка“ од Анита Циунова-Шулеска, Тања Јакимова и Николина Паламидовска-Стерјадовска, во рамки на 44. сесија на Клубот на истражувачите на Народна банка. (простории на Народна банка/14:00) Скопје - Промоција на извештајот „Справување со загадувањето на воздухот преку минимизирање на енергетската сиромаштија и промовирање на проеколошко однесување“, изработен од страна на Македонска платформа против сиромаштијата. (просториите на Младински центар „Матично“ - просториите на бившо Матично, позади бараките на општина Центар/11:00) Велес – Прес конференција на тема „Откуп на сончоглед род 2022“ (фабрика „Кристал 1923 АД Велес“ – „Алексо Демниевски“ 18 / 10:00) Гостивар - Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари ќе оствари средба со амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, Флоријан Ќехаја. (Општина Гостивар/10:20) Скопје - Доделувањето на наградата за најдобар млад преведувач ВАВИЛОН 2022. (Europe House/17:00) Скопје – Прес-конференција на здружението Хера на тема „Контрацепција на позитивната листа! Зошто сѐ уште не сме спремни?“ (Холидеј-Ин/09:30) Скопје – Изложба на уметницата Шејла Камериќ, насловена „Доаѓаме на поклон“ (Чифте амам/12:00) Скопје – Акустичен концерт на Ману Чао во склоп на програмата на Таксират фестивалот. (Младински културен центар/20:00) ______________________________________________________________________***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан