• сабота, 28 септември 2024
МИА Најави МКД
26 септември 2020 Охрид - Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски и претседателот на Република Словенија  Борут Пахор ќе присуствуваат на показна вежба на специјалните сили на Армијата на Република Северна Македонија во Кампот за обука на вода – Охрид. (11:30, отворено за медиумски екипи) -Прошетка во Охрид и разгледување на културни знаменитости - посета на црквата Света Богородица Перивлепта и Галеријата на икони, Античкиот театар и црквата Света Софија. (10:00, отворено за фоторепортери и сниматели) Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа ќе одржи прес-конференција. (МЗШВ/11:00) Скопје - Институтот за јавно здравје со поддршка на Министерството за здравство ќе го одбележи Светскиот ден на срцето – 29 Септември под слоганот „Употребете го срцето за да се борите со коронавирусот (Ковид-19)“. (Градски парк кај Школка/9:00-13:00, изјави за медиуми во 12:00) Скопје - Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети ќе одржат прес-конференција. (Средно училиште „Сарај“/11:00) Скопје - Банка за храна МК-Стоп за фрлањето храна организира герила акција “Како до поголема свест за загубите и отпадот од хрaна?“ Стоп за фрлањето храна! (Пред влезот на депонијата Дрисла/11:00) Струмица - Десетто издание на меѓународната манифестација „100 Илјади поети за промена“. (Бабилон кафе/20:00 и изложба на плакати кафе бар Нагоре/22:00) Ресен - Манифестација „Преспански  јаболкобер 2020“ во организација на општина Ресен. (СОУ „Цар Самоил“, амфитеатар/20:30) Скопје - Бела ноќ - традиционален  културен настан во организација на Универзалната сала и Град Скопје на 10 локации. (19:00 -24:00) Скопје - Отварање на изложба „П0вт0рн0 на 0“ во рамки на овегодишното издание на Бела Ноќ. (МКЦ галерија на спрат/) Скопје - Федерацијата за коњички спорт на РСМ коњички клуб „Анималс“ ќе го одржи Септемврискиот коњички турнир и 3-коло од Отвореното државно првенство во прескокнување пречки за 2020 година. (нас.Дрма, Идризово/11:00) _______________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан