• вторник, 07 мај 2024
МИА Најави МКД
7 октомври 2022  Кочани - Министерот за здравство, Беким Сали и Ане Јоханесен, специјален претставник и раководител на канцеларијата на СЗО во Скопје ќе го отворат новиот Центар за ментално здравје во рамки на Општата болница со проширена дејност Кочани. (10:00) Скопје - Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски ќе одржи брифинг на кој ќе презентира дел од мерките наменети за компаниите во справување со енергетската криза и користење на обновливи извори на енергија. (ДТИРЗ, Бул.„Партизански Одреди“ бр.2/10:30, изјави за медиуми по брифингот)  Скопје - Директорот на ЈП Македонски железници Инфраструктура, Хари Локвенец ќе одржи брифинг со медиумите. (Простории на Дирекцијата на ЖРСМ Инфраструктура/10:00)

Скопје - Тркалезна маса на тема „Сопствените приходи на општините за обезбедување на квалитетни услуги на граѓаните за време на пандемијата“ во организација на Државниот завод за ревизија (ДЗР) и Фондацијата за демократија на Вестминстер. (х.„Холидеј ин“/9:30)

Скопје - Транспаренси Интернешнл-Македонија организира онлајн работилница на тема „Улогата на лицата одговорни за внатрешно пријавување за ефикасна имплементација на Законот за заштита на укажувачи“. (х.„Александар Палас“, https://us06web.zoom.us/meeting/register/tZUscu-vpj8jGdfDybPwH7FZnVpbkuDGfD6W/10:00)
Скопје - Меѓународен конгрес по радиотерапија во организација на SEETRO TEAM 2022. (Медицински факултет, амфитеатар) 
Скопје - Македонската академија на науките и уметностите ќе го одбележи Денот на Академијата. (МАНУ, свечена сала/12:00)
Скопје - Отворање на изложбата на скулптури „Асиметрична нота нежност“ на Маја Танева. (Галерија „КО-РА“ на зелениот покрив/18:00)
Куманово - Отворање на изложбата „Ченто-Биографија низ фотографија“ од авторот Рубинчо Белчески. (Простории на НУ Музеј Куманово/12:00)
Кочани - Изложба на слики од 30-то издание на Лесновска ликовна колонија 2022. (Национална установа-Центар за култура "Бели мугри", салон фоаје 1/12:30)
Скопје - Отворање на Меѓународниот фестивал на дебитантски филм „КинеНова“ под слоганот „Првиот секогаш остава трага“ со проекција на хрватскиот филм „Чичко“. (Кино „Милениум“/20:00) 
Скопје - Изведба на балетски едночинки „Шехерезада“ од Н. Р. Корсаков и „Валпургиска ноќ“ од Шарл Гуно. (Национална опера и балет/20:00)
Скопје - Прес-конференција на Спортското радио 90.3 фм. (Простории на Државна видеолотарија на Македонија, Премиум Бизнис Центар, кат 2, спроти ФОН/11:00)
  ______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***МИА
       

Остани поврзан