• сабота, 04 мај 2024
МИА Најави МКД
15 март 2022  Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 66. седница. (11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Сала „Борис Трајковски“/14:00) Скопје - Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија, ќе одржи работна средба на тема „Извештајот на реализираните активности на ИППГ за 2021 година и следни активности за 2022 година“. (Собрание, сала 6/10:30)

Скопје - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе одржи редовен неделен брифинг за последните актуелности од надворешната политика. (МНР/10:00, медиумите да пристигнат во 9:50) 

Струмица/Валандово - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе учествува на дијалогот со локалните самоуправи, бизнис секторот, и средните стручни училишта за креирање на уписната политика за учебната 2022-2023 година и унапредување на средното стручно образование. (Струмица, Дом на АРМ/10:30, Валандово/Дом на култура/13:15, изјави за медиумите се предвидени пред почетокот на настаните)

Велес - Шефот на Делегацијата на Европската Унија  Дејвид Гир и амбасадорот на Италија Андреа Силвестри ќе го посетат Велес и ќе се сретнат со градоначалникот Марко Колев. (Сала на Советот на општина Велес/10:30) Велес - Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски ќе се обрати на симулациската вежба за искоренување на болеста чума кај мали преживари. (х. „Гарденија“ во Велес/10:00) Скопје - Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе го презентира Годишниот извештај за 2021 година. (х. „Холидеј Ин“, сала Милениум 2/10:00) Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 63-та седница. (https://us06web.zoom.us/j/83539733905?pwd=NHlvUVhzcFZUelJhd3h2MkQ5UVBJZz09/ 11:00) Скопје - Оргaнизацијата на потрошувачите на Македонија – ОПМ ќе го одбележи Светскиот ден на правата на потрошувачите -15 Март. (х.„Мериот“, сала Д на први кат/11:00 и преку Зум платформата https://zoom.us/j/97534999252?pwd=WU4xYjR4UXRIWXBlcDUxdTI5alUrUT09) Скопје - Прва форумска сесија во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој - втора фаза“. (Стопанска комора/10:00) Скопје - На прес-конференција ќе бидат соопштени добитниците на Гран при за животно остварување и наградата Светско културно наследство на Остен биеналето на цртеж Скопје 2022. (Галерија ОСТЕН, ул. „Максим Горки“ 16а/10:30) Скопје - Прес-конференција на Фондацијата „Славко Јаневски“ на која ќе биде соопштено името на лауреатот на годинашната награда „Роман на годината“. (кафе-бар „Филхармони“, зграда на Филхармонија/12:00) ________________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Тагови

Остани поврзан