• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД
19 август 2021  Јегуновце - Премиерот Зоран Заев, министерката за образование и наука Мила Царовска и градоначалникот на Општина Јегуновце Дарко Блажески ќе присуствуваат на пуштање во употреба на спортската сала во ООУ „Александар Здравковски". (локација: https://goo.gl/maps/eN8HRonzHjLSxknT7/10:00) Охрид - Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири и градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески ќе присуствуваат на отворање на Центарот за јавни услуги -„Една точка за услуги” во Охрид. (ул.„Димитар Влахов“ 57, стар влез на општината, ијави за медиуми/11:00) Гостивар - Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари и главниот извршен директор на Халкбанк АД Скопје, Билал Суџубаши ќе го пуштат во употреба зелениот корнер чие уредување e донација на Халкбанк АД Скопје како дел од активностите од платформата HalkEco. (Градски парк кај фонтаната/12:30) Гостивар - Прес-конференција на генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари. (седиште на партијата во Гостивар/12:00) Скопје - Организацијата на жени Турчинки Дерја  и ЈЗУ Здравствен дом Скопје ќе го промовираат проектот  „Почитувај ги протоколите живеј живот бе Ковид-19“. (Амбуланта Битпазар, сала за состаноци/11:00)

Скопје - Агенцијата за млади и спорт ќе одржи прес-конференција за кадетските ракометни репрезентативки, освојувачи на првото место на Европскиот Шампионат во Литванија. (АМС/10:30) и прием за кошаркарките кои во категорија У16 го освоија трофејот на ФИБА во Грузија. (11:00)

Скопје - Ракометниот клуб Вардар1961 ќе го промовира новиот дрес со кој екипата ќе се натпреварува во сезоната 2021/2022. (Терените на Тениски Клуб Парк во склоп на СЦ „Јане Сандански“/11:00) _________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан